Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

„Случајот Сопот“ влезе во Собранието

Пратениците, главно, од партиите на Албанците, оценија дека се работи за монтиран случај

Светлана Унковска

Посебна работна група формирана од собраниската Анкетна комисија ќе биде задолжена да ги собере информациите и аргументи за „случајот Сопот“, по што на комисијата ќе и' приложи целосен извештај околу овој случај. Ова е заклучокот од вчерашната седница на Анкетната комисија за заштита на слободата и граѓаните која на иницијатива на пратеничката група на Нова демократија расправаше за овој случај. На седницата, покрај членовите на Комисијата, присуствуваа и роднините на осудените, како и претставници на Министерството за внатрешни работи и за правда, од канцеларијата на ЕУ и на ОБСЕ, како и народниот правобранител.

Во своите излагања, пратениците, главно од партиите на Албанците, оценија дека се работи за монтиран случај и дека пресудата е донесена само врз основа на една изјава на сведокот Рамадан Бајрами, која била дадена под притисок, за што тој проговори јавно и преку официјална изјава. Актуелниот народен правобранител Иџет Мемети, кој за време додека траеше судскиот процес беше министер за правда, смета дека е потребно повторно отворање на постапката. Пратеникот Владо Бучковски, пак, тогашен министер за одбрана, ги пренесе сомнежите што му ги искажал поранешниот НАТО-амбасадор Николас Бигман за водењето на целиот процес.

„Тоа за што расправаме е ужас и вистинско насилство на демократијата. Фактот дека лицата се осудени само со една изјава дадена под притисок укажува дека се работи за монтиран случај, кој воопшто не кореспондира ниту со законските ниту со човековите норми, а кои некој ги злоупотребува за свои политички цели“, истакна претседателот на Нова демократија, Имер Селмани, кој побара К��мисијата откако ќе донесе заклучоци за овој случај, да се отвори расправа и на собраниска седница. Со ваквиот предлог се согласи и пратеникот на ДУИ Сафет Незири, кој рече дека поставената мина кај селото Сопот за жителите на ова кумановско село донело лош период.

„Не може еден случај да се затвори и да се осудат луѓето само од изјавата на еден сведок. Бајрами бил лишен од слобода и однесен во затворот во Шутка од каде што излегол со повреди, што укажуваат на тоа дека таму бил физички малтретиран. Потоа, тој изјавил дека претходно се изјаснил под притисок, физичко малтретирање и закани“, истакна Незири.

Пратеникот на СДСМ Владо Бучковски, кој во тоа време беше министер за одбрана, изнесе детали од разговорите со тогашниот НАТО-амбасадор Николас Бигман.

„Во 2003 година, НАТО правеше напори да ги открие причините за овој нелогичен инцидент. Нелогичен е затоа што е позната вербата на албанското население со НАТО и единствено остана претпоставката дека мината била наменета за војниците на АРМ. Во разговорите со амбасадорот на НАТО, Николас Бигман, на заминување од земјава остави аманет да ги исполниме условите за прием во Алијансата, но истовремено изрази и убедување дека лицата се невини“, рече Бучковски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јован Гинев рече дека не може да има аргументирана расправа за овој случај ако не се земат предвид и други докази и ако не се разгледа и судската одлука.

Народниот правобранител и поранешен министер за правда, Иџет Мемети, потенцира дека формирањето работна група ќе ги испита сите аргументи и ќе придонесе за да се тргне сомнежот од случајот со Сопот. „Треба добро да се размисли да не се дозволи вакви случаи да ги подгреваат националните страсти, што не е добро за државата. Затоа треба побрзо да се расчистат сомнежите“, истакна Мемети.

Пратеникот на ДПА Имер Алиу му честиташе на Бучковски за изјавата, но, од друга страна, пак, го обвини народниот правобранител Мемети дека води „бајата дискусија“, наместо да најде решение за ослободување на осудените, а некој да понесе одговорност за овој случај.


Статијата е прочитана 343 пати.

Испрати коментар

Од: ??
Датум: 07.07.2009 09:24:41
Секако дека е монтиран случај, инаку како бомбата би пукнала, морало да ја монтира некој. Ако не сум јас, а знам дека не сум, ако не се тие веќе осудените, тогаш кој е? Колку јас знам во Сопот, Липково, Ваксинце и други села од тој крај не оди никој што не е од таму. Не дека не сака, него НЕ СМЕЕ, заради правната држава (да не ја избрука, откако ќе изеде ќотек затоа што зборува македонски). Или мислите дека не е така, и јас би сакал да не е така! Кој е виновен тогаш? Мора да се некои деца, случајно ја наместиле бомбата, или тоа или е Горска вила, трето нема.
Од: Sara
Датум: 07.07.2009 13:31:05
Ajde de, demek ova billo sefte od makedonstvo pravosudstvo montiran slucaj. Allo fraknfurt pa pravosudstvoto e najkorumpirano vo Mk toa i vladini organi priznavat, a deka ne se sakame Makedonci i Albanci mislam deka ne mora da objasnam toa. Drugo glaven svedok jasno i glasno kaza deka bill prinuden od Policijata. Gospoda sogradjani makedonci za zall moram da kazam, Anticki makedonci bille eden gorem narod so bujna historia i civilizacija, a "ovie" aktuellni makedoncinja nekako ve se ponasat ko srbite, so silla, prinuduvanje i slicno, nisto od ta stara anticka makedonska civilizacija. Cudno, ali sepak i na ova ke mu dojde krajot, se nadevam ke se opametime, da ne se kaime posle. Pozdrav do Utrinski.

Најди! во Утрински
Политика
Советот на обвинители ќе се учи на сопствените грешки
Внимателно со пренамената на касарните
Нови кадровски промени на Тетовскиот универзитет
Тачи бара нови државни симболи