Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Нови кадровски промени на Тетовскиот универзитет

ТЕТОВО - Новиот состав на Ректоратот на Државниот универзитет во Тетово, предводен од в.д. ректорот Агрон Река, вчера изврши нови кадровски поместувања и во ректорската управа и на факултетите. Разрешени се досегашните, а именувани се четворица нови в.д. проректори. За в.д. проректор за настава е именуван професор д-р Исмаил Ахмети, за наука доцент д-р Решат Ќахили, за финансии професор д-р Серафим Томовски и за меѓународни односи д-р Азис Положани.

Именувани се и вршители на должноста декани на факултетите по разрешувањето на досегашните. В.д. декан на Факултетот за природно-математички науки е Мухамед Шехади, на Филолошки факултет Изер Максути, на Филозофскиот факултет Фехари Рамадани, на Факултетот за уметности Мухамед Садику, на Правниот факултет Агим Нухиу, на Економскиот Петрит Положани, на Факултетот за физичка култура Иса Арслани, на Факултетот за применети науки Сулејман Мета. Факултетот за прехранбена технологија и исхрана ќе го води Ахмет Јашари, Факултетот за бизнис-администрација Насер Рахими, на Факултетот за медицински науки Невзат Елези.

Д-р Агрон Река вчера изјави дека на ДУТ немало никакви проблеми, дека само по неколку предмети на факултетите се' уште се изведувале испити, а дека моментно работи само администрацијата.

„Моето именување за в.д. ректор е нормална постапка на Министерството за образование и наука и е спроведено на легален начин. За шест месеци ќе се изврши избор на ректор и нов состав на Сенатот“, најави Агрон Река. (Г.Е.)

 


Статијата е прочитана 448 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
„Случајот Сопот“ влезе во Собранието
Советот на обвинители ќе се учи на сопствените грешки
Внимателно со пренамената на касарните
Тачи бара нови државни симболи