Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Ракети против довербата

Американските ракети „Патриот 3“ во Полска предизвика негодување во Москва

МОСКВА - Руското министерство за надворешни работи вчера изрази жалење и незадоволство поради тоа што Американците почнаа да ги довезуваат своите елементи на ПРО во Полска. Првите батерии-ракети „Патриот 3“ пристигнаа во Полска во понеделникот. Тие ќе се наоѓаат во местото Моронг, оддалечено само 60 километри од руската граница и Калининградската област. Во базата „Моронг“ пристигнаа и стотина американски војници што ќе ги опслужуваат ракетите „Патриот“. Иако веќе и претходно во Вашингтон изјавуваа дека „патриотите“ што ќе бидат во Полска се „школски“ и од нив не се заканува опасност, сепак, неспорно е дека тоа пристигнување во Москва беше негативно коментирано.

„Ние не ја разбираме логиката со која се раководат Американците, кои ги довезоа ракетите во Полска, бидејќи тоа сигурно не ја јакне довербата, ниту безбедноста во Источна Европа. Ги прашувавме и Американците и Полјаците за тие ракети. Конкретен одговор зошто се прави тоа, не добивме“, велат од руското министерство за надворешни работи. Реакцијата на Москва не беше ниту хистерична ниту заканувачка, бидејќи во Москва сметаат оти имаат сосема доволно средства и сила „за ефикасна противигра“.

Да потсетиме, договорот за поставување американски ракети во Полска е постигнат минатата година во декември. Раководствата на Варшава и на Вашингтон се договорија ракетите да се довезат во привремената база, која од 2012 година ќе стане постојана. Подоцна во таа полска база ќе бидат стационирани американските ракети „СМ-3“, кои се применуваат за уништување на балистичките ракети на противникот.

Покрај Полска и Романија прифати на нејзина територија да се инсталираат американски ракети. Американските планови за ракети-пресретнувачи во Европа би требало да бидат реализирани до 2015 година. Во Балтичкото Море, исто така, ќе дежураат и американски бродови на кои ќе има ракети-пресретнувачи.

Летово во Летонија ќе се одржат воени маневри на земји-членки на НАТО. Претставниците на Летонија сега изјавуваат дека маневрите не се насочени против Русија, бидејќи од неа не се заканува воена опасност. Инаку, Летонија има свои војници во Авганистан.

Припадниците на руските десантни единици се подготвуваат да спроведат „стажирање“ во САД, Германија и во други земји-членки на НАТО, изјави командантот на руските десантни единици Владимир Шаманов. Таква одлука донесе рускиот Генералштаб во рамките на соработката меѓу Русија и НАТО. (Б.В.)


#
Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan -Trade name!
Датум: 27.05.2010 06:19:40
Летово во Летонија ќе се одржат воени маневри на земји-членки на НАТО. Претставниците на Летонија сега изјавуваат дека маневрите не се насочени против Русија, бидејќи од неа не се заканува воена опасност. Инаку, Летонија има свои војници во Авганистан. Pa vakvaa izjava- glupost , uste ne sum procital, se nadevam ako ne se protiv Rusija, mozebi se protiv Severniot Pol!

Најди! во Утрински
Свет
Колега, се плашам дека веќе нема пари!
Воена реторика на Корејскиот Полуостров
Романските Унгарци гравитираат кон Будимпешта
Со војска Обама ќе се брани од мексикански имигранти
Нарковојна во Јамајка