Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Воена реторика на Корејскиот Полуостров

Хилари Клинтон од Сеул го повика Пјонгјанг да прекине со провокации

Американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон, допатува на разговори во Сеул по заострувањето на односите меѓу Севернa и Јужна Кореја. Клинтон со порака до Пјонгјанг - да прекине со провокации.

Министерката за надворешни работи на САД, Хилари Клинтон, допатува во главниот град на Јужна Кореја на разговори со јужнокорејскто раководство по затегнувањето на односите со Северна Кореја поради инцидентот во Жолтото Море.

„Правиме се' за да спречиме ескалација и да ги избегнеме овие провокации.  Ова е критична ситуација за која е одговорна Северна Кореја“, истакна Клинтон. 

САД и Јапонија веќе и' ветија на владата во Сеул целосна поддршка. А шефицата на американската дипломатија претходно беше во дводневна посета на Кина, каде што од владата во Пекинг побара построг однос кон Северна Кореја.

Претседателот  на Јужна Кореја, Ли Мјунг Бак, претходни во телевизиско обраќање побара извинување од Северна Кореја:

„Постојано ја проголтувавме бруталноста на Северна Кореја, бидејќи копнееме по мир на Кореjскиот Полуостров. Но, сега е поинаку. Северна Кореја мора да ја плати цената за  провокациите“.

Меѓународна истражна комисијата мината недела дојде до заклучок дека сите информации укажуваат дека торпедо на севернокорејската морнарица го предизвикало потопувањето на јужнокорејскиот воен брод „Чеонан“ на 26 март во Жолтото Море. Во несреќата животот го загубија 46 лица.

Комунистичкото раководство на Пјонгјанг отфрли секаква вина и се закани со војна. Според информации на севернокорејски дисиденти, властодржецот Ким Јонг Ил веќе ги ставил воените трупи во највисок степен на готовност. Вчера Северна Кореја се закани дека ќе ги прекине сите контакти со Јужна Кореја.

Наспроти ова, владата на Јужна Кореја по шест години прекин, повторно почна да емитува пропагандна програма. Од понеделникот вечерта во правец на Северна Кореја се емитува радиопрограмата „Гласот на слободата“, која содржи западна музика, вести и споредба меѓу економската и политичката положба на Северна и Јужна Кореја. Наредните недели, на строго чуваната граница, би требало да бидат инсталирани звучници и електрични рекламни табли за пропаганда. Севернокорејските трупи, пак, веќе најавија дека ќе пукаат во сите пропагандни инструменти во демилитаризираната зона. Портпарол на претседателскиот кабинет во Сеул во меѓувреме изјави дека владата на Јужна Кореја размислува дали за Северна Кореја повторно да го воведе терминот „Главен непријател на земјата“. Јужна Кореја како дел од мерките против Северна Кореја во понеделникот најави и стопирање на трговската размена. Исто така, во случајот со потопувањето на бродот сака да го вклучи и Советот за безбедност на ОН. Освен ова, Јужна Кореја и САД планираат поморски маневри. Северна Кореја, пак, редовно го покачува степенот на подготвеност на војската кога војските на САД и Јужна Кореја изведуваат воени вежби.

Инаку Северна и Јужна Кореја формално се' уште се во војна затоа што Корејската војна од 1950 до 1953 заврши со договор за положување на оружјето, но не и со мировен договор. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 1438 пати.

Испрати коментар

Од: nacional-patriot
Датум: 27.05.2010 02:05:39
Kolku za informacija.Oficijalnoto ime ne e Severna Koreja,tuku Demokratska Narodna Republika Koreja.Oficijalnoto ime na drugata drzava ne e Juzna Koreja,tuku Republika Koreja.Ne veruvam deka ke ima vojna megu tie drzavi.
Од: Afion
Датум: 27.05.2010 07:52:59
Nema da ima vojna. Zalicuva na trikovi da se smeni rezimot srusi komunizmot vo DNR Kore. Simptomaticno e sostavot na "megjunarodnata: komisija. Nemase kineski, ruski,... pretstavnici a ponudata od DNR Korea da ucestvuva vo istragata bilo otfrleno?
Од: Sale
Датум: 27.05.2010 07:56:40
Neli otide tamu Hilari vojna ke ima 100%.!Amerikancite gi bode nuklearnata programa na Severna Koreja. Budejki na amerive im fufka da se zakachat da ne sluchajno bratot im spuka nekoja nuklerka prema holivud, zatoa najdoa zajaci vo Juzna Koreja koja ke go krka stapot za niv.
Од: devicanecot
Датум: 27.05.2010 08:41:59
Гледано по овие критериуми, корејскиот народ помеѓу себе не сака војна. Војната можат да ја направат само Америте. Изгледа не им стиска со Иран да почнат војна, па ајде кадешто има овци за стрижење. Нивното војно-индустриско лоби, во лицето на Робет Гејтс и останатите моќници, мора да обезбеди работа и профит на нивната воена индустрија. А тоа што ќе гине народ и што ќе се разрушуваат објекти и останати човекови достигнувања... е тоа ич не ги интересира. Си го измислија поимот колатерална штета...Ќе биде баш како и при бомбардирањето на СРЈ, на Ирак и слично.
Од: makedonce
Датум: 27.05.2010 13:31:19
maslo na amerika kako prvo ako eksplodira torpedo nema da ostani ni najsitno parce od torpedoto a ne skoro celo samo barutot sto go nema ,,amerika saka da ja ispita silata na dnr korea a si najde ovca za strizenje vo juzna korea , ako juzna korea ja prifati igrata na amerika ke zalat sto se rodile dnr korea e sila .....

Најди! во Утрински
Свет
Колега, се плашам дека веќе нема пари!
Романските Унгарци гравитираат кон Будимпешта
Ракети против довербата
Со војска Обама ќе се брани од мексикански имигранти
Нарковојна во Јамајка