Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Романските Унгарци гравитираат кон Будимпешта

Над 1,5 милиони малцински „Унгарци“ од соседството се привлечени од бенифициите

Романското 1,5-милионско унгарско малцинство ја прифати шансата да добие унгарско државјанство. Предлогот, подготвен да ги опфати етничките Унгарци што живеат во соседните земји, беше предложен од страна на новата централнодесничарска влада во Будимпешта. Нивната идеја, која сега е нацрт-закон, би можела да вклучува и право на глас и други бенефиции. „Ова е неверојатно важен елемент“, вели Атила Ласло, етнички Унгарец и заменик-градоначалник на романскиот град Клуж. „(Владејачката партија) Фидес сака националните малцинства во Унгарија да бидат претставени во унгарскиот парламент, па затоа логично е, исто така, и Унгарците да имаат претставници што живеат надвор од границите на земјата“, објаснува тој.

Ако нацрт-законот биде усвоен, тоа ќе значи дека двете главни партии на романските Унгарци ќе бидат во можност да имаат свои претставници на следните парламентарни избори во Унгарија. Ова би го зголемило влијанието на Унгарците што живеат во Романија во креирањето на политиката во Будимпешта.

Меѓутоа, соседите на Унгарија го примија предлогот за двојно државјанство со сомнеж. Во Словачка владата на премиерот Роберт Фицо реагираше жестоко на најавата на Будимпешта, заканувајќи се дека ќе го одземе словачкото државјанство на секој етнички Унгарец што ќе ја прифати оваа понуда. Одговорот на Романија беше повнимателен. Засега таа се воздржа од заземање официјален став.

Унгарскиот нацрт-закон за државјанство има многу импликации, вели Октавијан Сергенту, политички аналитичар од Клуж. „Покрај консолидација на етничкиот идентитет на трансилванијските Унгарци, овој закон ќе доведе до креирање моќно трансилваниско лоби внатре во Унгарија“, изјави аналитичарот.

Нацрт-законот, секако, би го зголемил присуството на романските етнички Унгарци во унгарската политика. Над 85 проценти од нив би побарале двојно државјанство откако законот ќе биде изгласан во Будимпешта, според најновата анкета од Демократската унија на Унгарци во Романија.

Надвор од политичките кругови преовладуваат прагматични очекувања. Шандор Деметер, етнички Унгарец, студент на Универзитетот во Клуж вели дека ќе аплицира за унгарско државјанство веднаш штом ќе биде изгласан нацрт-законот. „Унгарците многу побрзо може да добијат американска виза отколку Романците“, објаснува тој. „Во оваа криза јас не гледам никаква иднина во Клуж. Со задоволство би се откажал од студиите, би добил виза и би заминал на работа во САД“, вели Деметер. (ВАЦ Еуобсервер)


#
Статијата е прочитана 563 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Колега, се плашам дека веќе нема пари!
Воена реторика на Корејскиот Полуостров
Ракети против довербата
Со војска Обама ќе се брани од мексикански имигранти
Нарковојна во Јамајка