Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Со војска Обама ќе се брани од мексикански имигранти

Еден месец откако во Аризона беше изгласан законот за имиграција, кој повторно поттикна национална дебата, претседателот Обама испрати околу 1.200 припадници на Националната гарда за да помогнат во обезбедувањето на американско-мексиканската граница. Војниците ќе бидат „мост за долгорочно засилување“ на југозападната граница, помагајќи со разузнавачки информации и набљудување додека се обучуваат дополнителен број припадници на граничната патрола, наведе Џејмс Џонс, советник на Обама за национална безбедност, во писмото упатено до Карл Левин, демократ од Мичиген, претседавач со комитетот за служба во армијата при Сенатот.

Обама, исто така, ќе бара 500 милиони долари за обезбедување на границата и спроведување на законот, открива Габриела Гифордс, демократ од Аризона. Одлуката излезе на виделина откако Обама се сретна со републиканците од Сенатот за да дискутира за законот за имиграција, пакет што годинава би било тешко да се изгласа без поддршка од републиканците, изјави Бил Бартон, портпарол на Белата куќа.

Ејза Хатчинсон, првиот потсекретар за гранична безбедност во Департментот за внатрешна безбедност во времето на претседателот Буш, изјави: „Бројките што тие ќе ги додадат ќе помогнат, но тоа нема да го реши проблемот“. Френк Шери од Гласот на Америка, група што ја поддржува идејата за построга контрола на границите, како и наоѓање начин за стекнување државјанство на илегалните имигранти, вели дека Обама изгледа оти им попушта на републиканските лидери без да осигура посеопфатна легислатива за имиграција. „Станува збор за еден чекор напред, два назад“, вели Шери.

Рој Бек од „Намбрс УСА“, група што сака да ја намали легалната и илегалната имиграција, е задоволен, но ја нарече акцијата минимален одговор и таков што се базира на политика. „Сметам дека луѓето од Белата куќа ги разгледуваат резултатите од анкетите и гледаат колку е неверојатно популарен законот изгласан во Аризона“, вели Бек. Според законот, се бара полицијата да го провери имигрантскиот статус ако се посомневаат дека некои од приведените е илегално во земјата.

Џенет Мергија, претседателка на Националниот совет на Ла Раза, хиспанска организација за граѓански права, вели дека одлуката прво да се фокусира на безбедноста на границата место да се поправи законот за имиграција �� „длабоко разочарувачка“.

Републиканските сенатори од Аризона, Џон Мекејн и Џон Кајл, обрнаа внимание на 6.000 војници што претседателот Буш ги испрати во 2006 година како пример за потреба од работна сила. Врховниот обвинител од Аризона, Тери Годарт, потегот на Обама го нарече „добар почеток“.

Шерифот на областа Пинал, Пол Бебо, во чија јурисдикција се наоѓа и прометниот коридор за трговија со луѓе и дрога меѓу Тусон и Феникс, вели дека е благодарен за испратените војници. „Меѓутоа, тоа не е доволно“. (УСА тудеј)


#
Статијата е прочитана 471 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Колега, се плашам дека веќе нема пари!
Воена реторика на Корејскиот Полуостров
Романските Унгарци гравитираат кон Будимпешта
Ракети против довербата
Нарковојна во Јамајка