Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Од август се „ладат“ сметките за мобилен

Препораката на АЕК за пад на цените засега не е обврзувачка за примена

Александрија Стевковска


Од август граѓаните ќе можат полежерно да разговараат на мобилен телефон, од причина што се очекува постепен пад на цените на овие услуги, што ќе продолжи и во наредниот период.

Намалувањето на цените го најави Агенцијата за електронски комуникации, а како оправдување за таквата можност е налогот даден на трите мобилни оператори во државава до мај 2013 година сукцесивно да ги намалат големопродажните цени за завршување на повик од една мобилна мрежа во друга, при што намалувањето треба да достигне 15 проценти. Новите големопродажни цени за операторите што ги утврди Агенцијата врз основа на т.н. модел „Ботом - Уп ЛРИЦ , за кој е во тек јавна расправа, ќе почнат да се применуваат од 1 август годинава. Тие моментно за минута разговор изнесуваат 3,8 денари за „Т-мобиле“ и за „Оне“ и 5,85 денари за минута за ВИП-оператор.

Од ВИП ја поддржуваат оваа одлука и сметаат дека е во интерес на конкуренцијата, но и на корисниците. „Намалувањето на цените на интерконекција ќе се рефлектира и врз намалување на малопродажните цени. Тоа ќе значи поевтини мобилни разговори, што е добро за јакнење на конкуренцијата, но и за клиентите. Ние сме тука и не бегаме од можноста за намалување на цените на мобилните разговори“, изјави Никола Љушев, главен извршен директор на ВИП.

Од „Т-мобиле“ велат дека препораката што ја дала АЕК не е обврзувачка за примена, со оглед на тоа дека во тек е расправата на оваа тема, при што до АЕК се поднесуваат забелешките на секој мобилен оператор. На крајот на јули ќе биде донесена дефинитивно оформената одлука за пад на цените. „Како и да е, се' што е во интерес на корисниците, ние ќе го поддржиме“, велат од „Т-мобиле“.

Според АЕК, големопродажните цени на разговорите на мобилен треба постепено да се спуштаат до нивото од 2,9 денари за минута и ќе бидат изедначени за сите три оператори. „Ова за граѓаните значи дека ако има помали големопродажни цени, кои како импут влегуваат во малопродажните, би им оставило простор на операторите низ конкурентска борба сукцесивно да ги поевтинуваат разговорите“, велат од АЕК.

Се планира намалувањето на големопродажните цени да се прави постепено за да не се предизвика шок кај операторите, кои имаат време да ги приспособат своите финансиски и инвестициски планови. Според АЕК, не постои можност некој од операторите да не го следи намалувањето на цените кај конкуренцијата, бидејќи тоа би значело губење на позициите на пазарот.

Додека сите се во исчекување од имплементирањето на одлуката за пад на цените на мобилните разговори, граѓаните на големо мигриратат од една во друга мрежа. Од ВИП информираат дека рекорден број од 2.000 корисници на мобилната телефонија во јуни ја искористиле услугата преносливост на броеви и мигрирале во ВИП-оператор. За менаџментот на оваа компанија можноста преносливост на броеви што стартуваше во септември 2008 година ги дава очекуваните ефекти на пазарот.

„Само во јуни 2.000 корисници преку оваа услуга го пренеле својот број во ВИП, а во истиот период нашата мрежа ја напуштиле само двајца корисници“, објави вчера главниот извршен директор на компанијата.

Од почетокот на воведувањето на оваа услуга, во операторот ВИП мигрирале над 10.000 корисници, а во истиот период ја напуштиле 179 корисници.

Од ВИП денеска најавија и две нови услуги. За припејд-корисниците овозможуваат разговори од еден денар кон сите национални мрежи со надополнување на својата сметка со износ од над 300 денари, која е валидна во рок од 30 дена. Трошокот за воспоставување повик изнесува 3,5 денари. Постпејд-корисниците на овој оператор во текот на летото добиваат можност да зборуваат за 0 денари во роаминг со месечна уплата од 390 денари. Корисниците добиваат 30 бесплатни минути за разговор, кои може да ги искористат за појдовни и за дојдовни повици во роаминг. Понудата важи за најпосетените земји во регионот, како што се Србија, Хрватска, Бугарија, Турција, Грција, Албанија и Црна Гора.


#
Статијата е прочитана 2233 пати.

Испрати коментар

Од: master
Датум: 02.07.2010 07:46:05
T-mobile nikogas povece.Kradci i lazovi.Korisnik sum na relax 1000 famili dve godini,mi bese kazano deka taksata od 1000den e za vnatresen razgovor na postoeckite cetiri broja.Eve tretiot mesec placam taksa od 1000 den.a brojkite mi se iskluceni za meguseben razgovor.Na moeto prasanje vo nivnata prodavnica ne znaea zosto ne mi se vkluceni tie 1000den za koristenje pomegu cetirite broja koi gi poseduvam.Lopovi..

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Билјана Ангеловска
ЕДИТОРИЈАЛ
Александра М. Митевска
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов
Мислења
Слободан Најдовски

Верица Пандиловска
Во август и во септември јадам само смокви!