Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Перу го бара наследството на Инките

ЛОХА - Претседателот на Еквадор во вторникот изрази поддршка на барањата на соседен Перу до Универзитетот Јеил да врати илјадници артефакти извадени од локација на Инките во Мачу Пикчу пред еден век за истражување на американскиот универзитет. Перуанските власти во 2008 година поведоа судски спор против Јеил, кој е лоциран во Њу Хевен, Конектикат, во кој бараат враќање на повеќе од 40.000 предмети за кои Перу вели дека биле земени од американскиот истражувач Хирам Бингам во почетокот од 1900 година.

За време на средбата со својот перуански колега Алан Гарсија, во пограничниот град Лоха, еквадорскиот претседател Рафаел Кореја изјави дека Кито ќе го поддржи случајот на Перу. Артефактите, вклучувајќи грнчарија, накит и коски, биле испратени надвор од земјата откако Бигам, поранешен студент на Јеил, повторно го открил местото во Андите во 1911 година. Перу вели дека предметите му биле зајмени на Јеил на 18 месеци, но никогаш не ��иле вратени. Во тоа време, античкиот град, сега позната туристичка дестинација, всушност, бил заборавен, покриен со густа шума во планините на околу 2.400 метри надморска висина.

Перу е преполн со стотици археолошки локации и со години се бори да ја спречи трговијата со фосили и артефакти. И двајцата претседатели апелираа до другите земји, вклучувајќи ја и Аргентина, ваквите богатства да ги вратат во својата татковина. „Откривме дека и во други земји има предмети, уметнички дела и археолошки предмети што се сопственост на Перу и Еквадор, но кои се во трети земји, како во случајот во Аргентина“, изјави Гарсија на крајот од средбата. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 553 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
НАТО и' се додворува на Русија
Еруптираше вулканот во Индонезија
Сорос бара легална марихуана во Калифорнија
Французите не попуштаат
И дипломатите убиваа Евреи
Горбачов






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000