Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Еруптираше вулканот во Индонезија

ЏАКАРТА - Еден од најопасните вулкани во Индонезија откако почна да еруптира одзеде 15 животи, принудувајќи илјадници лица да ги напуштат планинските села прекривајќи ги околните села и градови со пепел, јавија вчера очевидци на настанот. Вулканот Мерапи на периферијата на градот Јогјакарта на островот Јава еруптираше во вторникот, еден ден по цунамито што ги погоди далечните острови во западниот дел на Индонезија, убивајќи повеќе од 100 лица. Камерманот на Ројтерс видел шест изгорени жртви како биле симнати од планината во мртовечки вреќи, и уште најмалку деветмина починале од изгореници во болницата Сардџито во Јогјакарта. Властите се обидуваат да евакуираат повеќе од 11.000 селани што живеат во подножјето на вулканот. „Телата што ги видов во болницата беа прекриени со пепел. Имаше и жени и мажи“, изјави тој. „Луѓето се' уште се евакуираат“.

Облаци чад и пепел го прекрија врвот на планината, правејќи да биде невозможно да се види ако почне да се излева лава, открива тој. Куќите во селото Кинахредџо се уништени. „Неколку куќи и добиток се изгорени од врелиот облак од планината“, вели тој. „Сите куќи се прекриени со пепел, целосно се бели. Лисјата на дрвјата се изгорени“. Индонезискиот информативен портал „Окезоне“ го цитираше менаџерот на меѓународниот аеродром Адисукипто во Јогјакарта како вели дека нема откажани летови поради облаците со пепел. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 371 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
НАТО и' се додворува на Русија
Перу го бара наследството на Инките
Сорос бара легална марихуана во Калифорнија
Французите не попуштаат
И дипломатите убиваа Евреи
Горбачов






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000