Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

И дипломатите убиваа Евреи

Германското Министерство за надворешни работи било вмешано во холокаустот повеќе отколку што се мислеше

Во извештај на комисија од историчари се вели дека дипломати од Министерството учествувале во убивање Евреи. Историчарот од Марбург, Екарт Конце, е категоричен во својот став за минатото на Министерството за надворешни работи - не се точни тврдењата дека Министерството во улицата Вилхелм во Берлин во времето на нацизмот било центар на отпорот. „Доаѓањето на власт на Хитлер во 1933 година за повеќето дипломати било олеснување“, вели Конце. Подоцна, Министерството како институција учествувало во злосторствата на националсоцијализмот. Дипломатите биле злосторници и извршители. „Само мал број од нив не потклекнале и се спротивставиле“, истакнува Конце.

„Министерството за надворешни работи учествувало во насилната политика на националсоцијализмот од 1933 година. Тоа активно учествувало во гонењето и уби��ањето на европските Евреи и во таа смисла билo, поинаку не може да се каже, злосторничка организација.“

Во злосторствата учествувал и високиот дипломат, а подоцна и државен секретар Ернст фон Вајцзекер, татко на поранешниот сојузен претседател Рихард фон Вајцзекер. Кога бил пратеник во Швајцарија, тој се погрижил за тоа на германскиот писател Томас Ман да му биде одземено државјанството поради неговата остра критика на нацистите. Фон Вајцзекер е еден од ретките високи германски функционери кои поради своето учество во политиката на нацизмот по војната бил осуден на седумгодишна затворска казна.

На Министерството за надворешни работи, пак, по војната му успеа да го прикрие своето учество во злосторствата. И повеќе од тоа, помагаше да се предупредат бараните воени злосторници и да се заштитат од прогонување.

„Станува збор за прикривање на историјата и со тоа и за лажирање на историјата, за затајување информации, пред се', за систематска работа во смисла на создавање историски легенди“, вели Конце.

Конце и неговиот колега Норберт Фрај, заедно со американскиот историчар Петер Хејс и со Израелецот Моше Цимерман, четири години го проучуваа минатото на Министерството за надворешни работи. Научниците ги собраа своите сознанија во една книга од речиси 900 страници. За Израелецот Цимерман, кој предава на Универзитетот во Ерусалим, јасно е дека вмешаноста на Министерството за надворешни работи во националсоцијализмот било симптоматично за целокупното општество. „Германското општество од 1933 до 1945 година било злосторничка организација или злосторничко општество, а една од другите злосторнички организации било и Министерството за надворешни работи. Но, тоа важи и за Министерството за финансии или за Министерствата за воздухопловство. Проблемот е што била корумпирана основата, а тоа го покажува и оваа студија. Основното начело било националсоцијалистичко и расистичко.

Сојузниот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле, го изрази своето задоволство поради извештајот на комисијата од историчари. Според него, тоа е значаен документ, кое во иднина ќе биде и составен дел на образованието на дипломати.

„Има шокантни сознанија за длабоката вмешаност на некои високи дипломати во тој режим, во диктатурата, во злосторството на Третиот рајх. Од друга страна, има имиња кои не беа познати, кои со неверојатна храброст се залагаа за заштитата на луѓе, за сограѓаните Евреи. Значи, ова е дискусија која долго ќе трае“, изјави тој за државната телевизија АРД.

Вестервеле само го „наследи“ извештајот. Тој е изработен по налог на министерот за надворешни работи од Партијата на зелените, Јошка Фишер, кој ја состави комисијата во 2005 година, по интерната расправија за оддавањето почит на починатите дипломати. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 965 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
НАТО и' се додворува на Русија
Перу го бара наследството на Инките
Еруптираше вулканот во Индонезија
Сорос бара легална марихуана во Калифорнија
Французите не попуштаат
Горбачов






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000