Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Фудбалерите на Работнички со душа го чекаат четврток

Во мечот со Ливерпул ќе влезат од карантин на Средно Водно

Сашко Ѓ. Димовски

Фудбалерите на Работнички горат од желба да дојде четврток и дуелот со Ливерпул. Сите со нетрпение го чекаат момент да излезат на тревникот на „Филип Втори“ рамо до рамо со фудбалскиот гигант од градот на Битлси. Очекуваат полн стадион, фантастична атмосфера, безрезервна поддршка и ако даде Господ, со малку спортска среќа, и добар резултат пред реваншот за седум дена на „Енфилд Роуд“.

„Не можам да го опишам задоволството кај мене и кај моите соиграчи за она што не' очекува. Ги минавме Луситанос и Мика и како награда го добивме Ливерпул. Да може да ги преспиеме овие денови, ќе ги преспиеме, само да дојде тој четврток“, ни изјави капитенот на дебармаалци, Никола Глигоров кој во име на екипата вети максимално залагање и беспоштедна борба против најзвучниот клупски фудбалски колектив што некогаш гостувал во Скопје и Македонија.

Во дуелот со Ливерпул македонскиот вицепрвак ќе влезе од карантин од Средно Водно. Атмосферата во тимот е феноменална, повредени нема, тренираат сите. Фернандо, кој доби црвен картон во првиот меч со Мика, ја „одлежа“ казната и ќе конкурира за место меѓу стартерите во четврток вечер. Во официјалниот записник ќе влезе уште едно ново име од редот на оние што последни се обврзаа на верност кон црвениот дрес. Толку дозволува УЕФА, но за кого ќе се одлучи тренерот Зоран Стратев останува енигма која ќе „виси“ деновиве.

Во пресрет на првите 90 минути со Ливерпул екипата на Работнички остана без услугите на Муарем Муарем кој направи трансфер со турски Ордуспор. Со неговото заминување ослабена е средниот ред меѓутоа Глигоров е оптимист.

„Секако дека ќе ни недостасува Муарем. Беше стандарден во екипата. Најде ангажман во странство, а нам ни преостанува да му посакаме среќа и да продолжиме понатаму. Ќе бараме алтернатива за него како што баравме и најдовме за Раденко Бојовиќ и Боби Божиновски“, дополни Глигоров.

Работнички одигра четири меча оваа сезона во квалификациите за Лига Европа. Притоа постигна 12 гола и не прими ниту еден. Ја „изрешетаа“ мрежата на играчите на Луситанос чиј статус на аматери воопшто не треба да го девалвира значењето на 11 гола (5 во Скопје, 6 во Ла Вела) бидејќи во Европа повеќе не е лесно да се игра фудбал. Против ерменска Мика поентираа само еднаш, во првиот меч, и тоа со играч помалку, во вториот, Глигоров признава дека Работнички имаше и среќа, но се се' заврши како што посакувавме.

Најголемата дилема, засега, претставува составот на Ливерпул. Дали премиерлигашот ќе допатува во најсилен состав или, пак, ќе се „коцка“ во резервните играчи, фудбалери со мала минутажа, младинци и новајлии кои се уште не се добро вклопени во тимот. Меѓутоа едно е сигурно. Не е важно кој ќе игра, дали во нападот ќе биде Кајт и Торес или Нгог и Еклстон, важно е дека ќе игра Ливерпул, а тоа сигурно ќе претставува празник на фудбалот во нашата земја.


#
Статијата е прочитана 1057 пати.

Испрати коментар

Од: Vuk
Датум: 27.07.2010 12:16:43
Mnogu sreca na FK Rabotnicki i se nadevam deka ce go kutnat gilemiot Liverpul so najmalku 2:0. So pocit do nasiot najuspesen klub na Evroscenata.

Најди! во Утрински
Спорт
Хоџсон, сепак, ќе ризикува со дел од играчите
Лоренсо прв во Лагуна Сека по падот на Педроса
Вардар Про со нов состав во новата сезона
Кога Саха сака да стави голема кутија во Ферари
Контадор најдобар и кога не блеска
Канкунен се враќа на 51 година
Ферари казнет со 100.000 долари