Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Лоренсо прв во Лагуна Сека по падот на Педроса

Во 12. круг се излизга дотогаш водечкиот, што го искористи лидерот во првенството за свој прв триумф во САД

Шпанецот Хорхе Лоренсо профитира од спектакуларниот пад на сонародникот Дани Педроса и ја освои Големата награда на САД во мотоциклизам. Со четвртата победа во последните пет трки, тој го зголеми водството во вкупниот поредок во Мото ГП.

Возачот на Јамаха, кој стартуваше од пол-позицијата по сончево време во Лагуна Сека, заврши 3,517 сек. пред Австралиецот Кејси Стоунер од Дукати, победникот тука во 2007 година. Лоренсо два пати ја крена десната тупаница додека славеше по влегувањето во целта, заокружувајќи ја својата серија на десет трки што ги завршил со пласман на подиумот. Во ниту една од наведените трки сезонава тој не беше пласиран полошо од второто место!

Бранителот на титулата во најсилната класа, Италијанецот Валентино Роси, го доби дуелот за третото место со сонародникот Андреа Довициозо во својата само втора трка по паузата поради фрактурата на десната нога на тренингот пред Италијанското гран-при минатиот месец.

Педроса, кој ја освои ГН на Германија минатата недела, рано изби на чело во трката во која се возеа 32 круга пред да удри во нерамнина и да излета од патеката во петтиот свиок од 12. круг, со што му го препушти водството на Лоренсо.

„Дани притискаше толку многу, но јас знаев дека, ако форсирам како него, можеби тој ќе направи грешка“, насмеаниот Лоренсо им изјави на репортерите откако ја забележа својата шеста победа сезонава, но само прва во САД. „Жал ми е што падна, но од тој момент беше многу лесно за мене, бидејќи имав голема разлика во однос на Кејси. Толку сум среќен што победив овде во Лагуна Сека. Ова е многу посебно за мене. Возев многу добро денеска, до максимум“.

Девет трки до крајот на шампионатот, Лоренсо води со огромни 72 поени предност, а вкупно има 210. Педроса е втор со 138, а Довициозо трет со 115.

Педроса, кој ја почна трката од четвртата позиција, го презеде водството уште по првиот свиок, по што создаде предност од шест стотинки во однос на исто така брзиот стартер Стоунер по четири извозени круга. Лоренсо го престигна Стоунер во шестиот круг на кривулестата патека што технички бара многу, но заостануваше 1,104 сек. зад Педроса на 24 круга до крајот. Педроса, кој лани славеше на ГН на САД и атакуваше на својата трета победа сезонава, потоа се излизга од својот мотоцикл при влегувањето влево во петтиот свиок од 12. круг, подарувајќи му го водството на Лоренсо, а тој не го испушти подарокот до крајот на трката.

„Ова е многу, многу разочарувачки, но токму тоа може да ви се случи кога правите се' за да победите“, изјави Педроса, кој триумфира во Лагуна Сека пред 12 месеци, кога Лоренсо исто така ја имаше пол-позицијата. „Треба да притискате колку што можете повеќе и да преземете ризик. Навистина сакав да победам во оваа трка. Пред да паднам силно притискав за да го зачувам водството во однос на Лоренсо и мојот ритам беше добар“.

Деветкратниот светски шампион Валентино Роси, кој имаше потреба од патерици за да дојде до својот мотоцикл пред почетокот на трката, беше одушевен од својот прв подиум по враќањето.

„Извонредно за мене. Многу е важно да се биде повторно на подиумот за толку кусо време“, изјави 31-годишникот. „Беше потешко от��олку што очекувавме, бидејќи оваа патека е една од најтешките за телото“.


#
Статијата е прочитана 130 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Фудбалерите на Работнички со душа го чекаат четврток
Хоџсон, сепак, ќе ризикува со дел од играчите
Вардар Про со нов состав во новата сезона
Кога Саха сака да стави голема кутија во Ферари
Контадор најдобар и кога не блеска
Канкунен се враќа на 51 година
Ферари казнет со 100.000 долари