Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Хоџсон, сепак, ќе ризикува со дел од играчите

Само Маскерано сигурно нема да допатува во Скопје, настапот на сите други е неизвесен

Рој Хоџсон, менаџерот на Ливерпул, потврди дека, и покрај се, можеби ќе преземе ризик со дел од своите фудбалери кои настапија на Светското првенство во Јужна Африка, и ќе ги користи нивните услуги во дуелот против Работнички во четврток (20,45 ч.) во Скопје. Ќе го направи тоа за да се осигури дека клубот не е принуден да се потпре само на младите играчи во квалификациите за Лига Европа. Од друга страна, не сака да ризикува и да ги остави работите да се реализираат само по себе, да игра со повеќе младинци. Во исто време медиумите во Англија порачуваат дека Работнички не е баук, предизвикот дека треба да сфати сериозно и во контекст на тоа ги споменуваат дуелите на актуелниот македонски вицешампион пред три години со Болтон и начинот со кој премиерлигашот го елиминира нашиот претставник (во Скопје беше 1:1, на стадионот „Рибок“ во Болтон 1:0).

Стивен Жерар, Џо Кол, Глен Џонсон, Џејми Карагер, Даниел Агер и Мартин Шкртел се вратија во клупскиот тренинг камп Мелвуд во минатата недела. Тие користеа продолжен одмор по исцрпувачкиот престој во Јужна Африка, а допрва треба да се вратат аргентинските, шпанските и холандските играчи на „Енфилд Роуд“. Тоа го принуди Хоџсон да игра со „осакатен“ состав (резерви и младинци) во двата подготвителни натпревара во кои Ливерпул ремизира со Грасхоперс и загуби од Кајзерслаутерн. Преку нив сфати дека не смее да си дозволи грешка и против Работнички.

„Мора да размислиме внимателно. Тие играчи заслужуваат кредит за начинот со кој ги исполнуваат своите обврски. Спортските експрести, пак, го застапуваат ставот дека учесниците на Светското првенство не треба веднаш да се фрлаат во нов оган, но во таква ситуација Лигата на Европа е многу далечна цел за овој тим“, рече 62 годишниот стратег на клупата на Ливерпул.

Еден од тие кои сигурно нема да настапат во четврток во Скопје е Аргентинецот Хавиер Маскерано кој најверојатно го одигра последниот меч за клубот од „Енфилд Роуд“. Капитенот на репрезентацијата на Аргентина се очекува да добие дозвола од клубот за отпочнување преговори за трансфер во Интер. Европскиот првак веќе изготви понуда тешка 25 милиони фунти за неговите услуги, а челниците на „црвените“ во минатата недела влегоа во разговори на клупско ниво.

Хоџсон верува дека е блиску до договор со левиот бек на селекцијата на Хондурас и Виган Атлетик, Мајнор Фигуероа. Летово заврши неговиот ангажман кај Виган, а Ливерпул се надева дека ќе го добие неговиот потпис за сума од 6 милиони фунти. Агентот на играчот Жан-Марк Гоиран веќе потврди дека речиси е постигнат договор со Ливерпул за овој 27-годишен интернационалец од Хондурас.


#
Статијата е прочитана 816 пати.

Испрати коментар

Од: Skopjanec
Датум: 27.07.2010 08:34:21
Ke go jadat!

Најди! во Утрински
Спорт
Фудбалерите на Работнички со душа го чекаат четврток
Лоренсо прв во Лагуна Сека по падот на Педроса
Вардар Про со нов состав во новата сезона
Кога Саха сака да стави голема кутија во Ферари
Контадор најдобар и кога не блеска
Канкунен се враќа на 51 година
Ферари казнет со 100.000 долари