Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Контадор најдобар и кога не блеска

Шпанецот годинава не импресионира на Тур де Франс, но немаше кој да го искористи тоа

Една година откако ја искористи секоја можност за да ја покаже својата сила и на крајот да триумфира на Тур де Франс, Алберто Контадор ја оствари својата трета победа на најпрестижната велосипедска трка во светот со криење на своите слабости. Шпанецот на возраст од 27 години, еден од петтемина што ги имаат освоено Тур, Џиро ди Италија и шпанската Вуелта, доста се мачеше на патот долг 3.642 км, иако тој беше како скроен за него. Тој се покажа помалку импресивен во планините и речиси пукна во саботниот хронометар, кога обезбеди предност од само 39 секунди пред последната, парадна етапа, што е петта најмала разлика доволна за севкупна победа во досегашните 97 изданија на трката.

„Годинава имав тешки моменти, физички. Не бев секој ден на моето најдобро ниво“, изјави Контадор на возот што ги превезуваше натпреварувачите до стартот на неделната последна етапа до Шанзелизе. „Но, во тие лоши денови бев способен да го скријам фактот дека не бев премногу добар“.

Минатата година Контадор, вовлечен во психолошка војна со ривалот и тогашен тимски колега Ленс Армстронг, нападна во првата планинска етапа, ја растури конкуренцијата во решавачкото искачување до Вербие и го освои последниот хронометар. Во последниве три седмици беше доста поинаква приказна. Тој загуби десет секунди од подоцнежниот вицешампион Енди Шлек во планинската етапа до Аворија, кога имаше лош ден.

„Тој ден не се чувствував многу добро“, рече Контадор, кому му олесни што Шлек не го нападна порано на нагорнината. „Но, успеав да го скријам тоа и, на крајот на краиштата, ја ограничив штетата“.

Тој исто така беше соочен со неочекувана закана на неговата предност во вкупниот поредок во саботниот хронометар долг 52 км. Во еден момент Шлек ја смали негативата на само две секунди во вкупното време и Шпанецот почна да паничи.

„Имавме проблем со слушалките. Не можев да го слушнам воопшто тимскиот менаџер од автомобилот по седмиот километар“, објасни тој.

Менаџерот на Астана, Ивон Санкер, мораше со врескање да му ги соопштува временските разлики на својот протеже додека механичарот Фаустино Муњоз удираше во автомобилското стакло од лутина.

„Беше навистина тешко за него да слушне поради телевизискиот хеликоптер и поради мотоциклите со фотографите“, изјави Санкер.

„Во еден момент навистина помислив дека Тур заврши за мене“, изјави Контадор, кој не можеше да ги спречи солзите додека се искачуваше на подиумот по етапата.

Контадор, кој лани го освои Тур де Франс победувајќи го Шлек за повеќе од четири минути, не би рекол дека неговиот ривал напредувал и оти би можел да претставува повеќе од закана следната година.

„Јас бев послаб, а не тој подобар“, тврди Шпанецот.


#
Статијата е прочитана 96 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Фудбалерите на Работнички со душа го чекаат четврток
Хоџсон, сепак, ќе ризикува со дел од играчите
Лоренсо прв во Лагуна Сека по падот на Педроса
Вардар Про со нов состав во новата сезона
Кога Саха сака да стави голема кутија во Ферари
Канкунен се враќа на 51 година
Ферари казнет со 100.000 долари