Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Ферари казнет со 100.000 долари

Тимот соочен и со дополнителни санкции за наредбата до Маса да го пропушти Алонсо во Хокенхајм

Ферари е казнет со 100.000 долари за наредбата до Фелипе Маса да се потргне настрана и да му допушти на тимскиот колега Фернандо Алонсо да победи во трката за Големата награда на Германија во Формула 1. Со својата 23. победа во кариерата, втора сезонава, Шпанецот повторно ја истакна својата кандидатура за титулата по две тешки трки, но и го вовлече италијанскиот тим во контроверзија околу забранетите „тимски наредби“. Заедно со казната, за која тимот реши да не се жали, Ферари е предаден на Светскиот совет за мотоспорт при Интернационалната автомобилистичка федерација, кој може да изрече дополнителни санкции.

Тимскиот шеф на Ред бул, Кристијан Хорнер, чијшто германски возач Себастијан Фетел заврши трет откако стартуваше од пол-позицијата шести пат во досегашните 11 трки сезонава, изјави дека тоа што се случи е „погрешно за спортот“.

„На возачите требаше да им биде дозволено да се тркаат“, додаде Хорнер, чиишто возачи се судрија додека се бореа за водството во Турција во мај.

Луис Хамилтон од Мекларен заврши четврти и го зголеми своето водство во вкупниот поредок на 14 поени во однос на тимскиот колега и бранител на титулата Џенсон Батон, кој беше петти во Хокенхајм. Во петстраната битка за титулата Хамилтон води со 157 поени, Батон има 143, Австралиецот Марк Вебер од Ред бул и неговиот тимски колега Фетел имаат по 136, а Алонсо 123. Предноста на лидерот Мекларен во генералниот пласман на конструкторите во однос на Ред бул е намалена на 28 поени.

Ферари, кој остана трет, не гледа причини за да не ја прослави својата еден-два победа и доби уште една добра вест кога техничкиот делегат на ФИА дозволи да го користат предното крило што некои ривали го оспорија.

Наспроти Маса, кој на прес-конференцијата по трката рече дека самиот донел одлука да го пропушти Алонсо на 18 круга до крајот, дополнувајќи дека се мачел со тврдите гуми на својот болид, радиоврските сугерираат поинаква приказна.

„Значи, Фернандо е побрз од тебе“, неговиот инженер на трка Роб Смедли му рече на Бразилецот.

Откако Маса забави и му дозволи на Алонсо да го помине, Смедли додаде: „Добро момче. Сега само залепи се. Жалам“. Тој подоцна изјави дека Бразилецот бил „многу, многу, многу великодушен“.

Жолчната дебата што следуваше беше разгорена и со симпатиите за Маса, кој во спротивно можеше да се искачи на врвот на подиумот на првата годишнина од речиси фаталниот инцидент за него на Унгарското гран-при. Се врати и духот од ГН на Австрија 2002, кога Бразилецот Рубенс Барикело мораше да го пропушти тимскиот колега од Ферари, Михаел Шумахер, да победи по очигледен инцидент што доведе до тоа тимските наредби да бидат забранети.

Меѓутоа, не беа сите шокирани.

„Има тимски наредби и треба да прифатите дека ќе ги има“, изјави техничкиот шеф на Лотус, Мајк Гаскојн. „Тие само беа применети многу лошо денеска“.

Во сенка на скандалот на денот помина укорот од стјуардите за Форс Индија за мешање на гумите на нивните возачи, кои ги испратија на патеката со микс од супермеки и тврди.


#
Статијата е прочитана 309 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Фудбалерите на Работнички со душа го чекаат четврток
Хоџсон, сепак, ќе ризикува со дел од играчите
Лоренсо прв во Лагуна Сека по падот на Педроса
Вардар Про со нов состав во новата сезона
Кога Саха сака да стави голема кутија во Ферари
Контадор најдобар и кога не блеска
Канкунен се враќа на 51 година