Флеш-вести
Кога Саха сака да стави голема кутија во Ферари
Напаѓачот на Евертон, Луис Саха, снимен е како подигнува од пошта голема кутија, но тоа нема да завршеше во британските медиуми доколку Французинот по пакетот не дојде со спортско ферари. Насобраните добро се забавуваа додека Саха мислеше како да стави „слон во фиќо“. Веројатно по ова научил да избира автомобили од својата гаража кога оди во пошта.
Трансфери
Фабрегас се договорил со Барса, а Балотели со Сити
Капитенот на Арсенал Цеск Фабрегас ги договорил личните услови со Барселона. Каталонскиот „Спорт“ тврди дека 23. годишниот Фабрегас ќе потпише пет годишен договор, според, кој ќе добива 5,9 милиони фунти по сезона. Менаџерот Арсен Венгер кажа дека неделава ќе се сретне со челниците на Барселона, по што точно ќе се знае за иднината на Фабрегас.
Паралелно со оваа вест вчера стигна и онаа во која се тврди дека Марио Балотели, контроверзниот напаѓач на Интер, се сели во Манчестер Сити. „Скај Спорт Италија“, вели дека Сити ќе плати 30 милиони евра плус бонуси, а самиот Балотели ќе потпише петгодишен договор за четири милиони евра по сезона. Балотели дебитираше за Интер на 17 години. Постигна 20 гола во 59 меча во Серија А, односно 28 во 86 натпревари во сите натпреварувања.
Заминување
Ван дер Варт цели кон АнглиЈа
Холандскиот репрезентативец Рафаел ван дер Варт свесен е дека тешко ќе се избори за место во мурињовиот Реал Мадрид. Продолжувањето на кариерата го гледа во Англија. По само 31 настап во почетната постава во последните две години Ван дер Варт плаче за фудбал на највисоко клупско ниво.
„Слушнав за интересот на Челзи и Ливерпул. Ако некој од нив е подготвен да ми понуди место во првиот тим ќе бидам искрен и ќе кажам дека ќе ги сослушам што ќе кажат. Мислам дека Реал разбира во која позиција сум и дека ќе ми дозволи да преговарам. Поради почит кон Реал не би сакал да играм за друг шпански тим. Затоа сега голем предизвик за мене е Премиерлигата. Тоа е единственото натпреварување кое може да се мери со Ла Лига“, вели Ван дер Варт.
Понуда
Арсенал дава 10 милиони фунти за МертеЗакер
Арсенал подготви 10 милиони фунти за услугите на германскиот дефанзивец Пер Мертезакер, доколку преговорите со Евертон за Фил Јагиелка пропаднат. На Венгер му е неопходен уште еден централен дефанзивец откако заминаа Галас и Силвестре, а во Мертезакер кој има уште две години од договорот со Вердер Французинот гледа идеална замена.
Изнудено
Ливерпул се врти кон Форлан, бидеЈЌи му бега Торес
Менаџерот на Ливерпул Рој Хоџсон како да се помири со заминувањето на Фернандо Торес. За шпанскиот репрезентативец заинтересирани се многу клубови, вклучувајќи го и Манчестер Сити, кој може да плати солено. Хоџсон, наводно, ништо не сака да остави на случајот, па веќе испланирал 15 милиони фунти за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Форлан. Цената на Торес, и покрај лошата игра на Светското првенство во Јужна Африка, остана околу 50 милиони фунти.
План
Бензема последна коцка во мозаикот на МанЧестер ЈунаЈтед
Иако пред неколку дена менаџерот на Манчестер Ј, Алекс Фергусон, кажа дека не му се потребни нови засилувања, весниците во Англија откриваат дека стариот лисец не се откажал од купувањето на Карим Бензема од Реал Мадрид. Тој се обиде да го доведе и минатото лето кога замина Роналдо, но тогаш не успеа. |