Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Спорт

Мајнц оди по рекордните осум стартни победи!

Бундеслигашкото чудо на македонскиот репрезентативец Николче Новевски денеска го пречекува Хамбургер

Новиот бундеслигаш Мајнц во кој настапува и македонскиот репрезентативец Николче Новевски денеска против Хамбургер ќе се обиде фантастичниот почеток на сезоната да го заокружи со нов рекорд, поточно во осум стартни победи, што досега не му успеало никому.

Засега Мајнц е израмнет со Баерн и Кајзерслаутерн, кои во 1995 и 2001 година исто така остварија низа од седум стартни победи. „Битно е да одиграме онака како што игравме досега. Ако мислиме на некаков рекорд тоа може да биде погубно за нас“, изјави хит тренерот во Бундеслигата, Тухел.

Во Гелзенкирхен Шалке го пречекува Штутгарт. Во некои други околности овој меч сигурно би го носел епитетот дерби на колото. Вака тоа и натаму е номинално дерби, но дерби на дното, бидејќи Шалке е на претпоследното место, а Штутгарт на самото дно. „Против Шт��тгарт одиме на победа. Мора да побегнеме од дното и да се приклучиме кон средината. Никој пред сезоната не можеше да замисли дека ова ќе биде дуел на 17. и 18 пласираните тимови. Нервите, секако, ќе играат голема улога, а ќе биде тесно, бидејќи Штутгарт е многу подобар отколку што покажува табелата“, смета тренерот на Шалке, Феликс Магат, кој во 2009 година го препороди Волфсбург и од деветтото место го одведе до шампионската титула.

„Шалке како и Волфсбург лани постепено ќе станува посилен и подобар, но потребно е тимот да се смири. Не смее да паничиме“, додава Магат.

Штутгарт на кој во мислите му се вртат истите амбиции во средата остана без тренерот Грос, кој го плати данокот на катастрофалниот старт (една победа и шест порази), додека Шалке ќе се обиде да го искористи психолошкиот шок како би се помрднал напред.

Бундес-лига 8. коло: Баерн - Хановер, Шалке - Штутгарт, Вердер - Фрајбург, Мајнц - Хамбургер, Сент Паули - Нирнберг, Волфсбург - Баер Л. (сабота), Кајзерслаутерн - Ајнтрахт, Хофенхајм - Борусија М. (недела).


#
Статијата е прочитана 400 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Загреб не се плаши од Лазаров
Вардар про декласиран во Автокоманда
Дивеењето на хулиганите во Италија е одмазда на мафијата
Гамбит Асеко засилен со Кизов во Пловдив
Ѓоковиќ без милост, декласиран и Гарсија Лопез
Спорт на ТВ
Челзи дава 50 милиони евра за Пасторе






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy