Дивеењето на хулиганите во Италија е одмазда на мафијата
Српските медиуми пишуваат дека зад дивеењето на српските хулигани во Џенова стои српската мафија.
„Провокациите на сметка на голманот Стојковиќ, нападот врз него и нередите се дел од одмаздата, но и порака до фудбалските челници дека со мафијата нема шега“, вели Мирко Ницовиќ, член на меѓународната полициска асоцијација за дрога.
Медиумите веќе подолго време пишуваат дека Србија е преполна со тајни склопувања договори, во кои прсти има вмешано мафијата, која се грижи за трансферите во Европа и собира процент од секој трансфер. Најверојатно и голманот Стојковиќ бил под еден таков договор, но наместо странство тој се реши за Партизан.
„Заминувањето на Стојковиќ во Партизан значи дека некои лица останале со кратки ракави, што ги разбеснело. Тие кои не ги почитувале договорите со нив сега се соочуваат со одмазда на подземјето. Јавна тајна е дека 90 отсто од трансферите и натаму одат преку мафијата, а неа единствено ја интересира заработката“, додава Ницовиќ.
Според него претседателот на Фудбалска федерација на Србија Томислав Караџиќ е само нивен пион, како и останатите луѓе на врвот. Шеф на еден белградски клан, наводно, бил менаџер на Стојковиќ и имал големо влијание врз навивачите на Црвена звезда.
„Се' е јасно ако се постави прашањето кој им плати пат во Џенова на екстремните навивачи и за чиј интерес го прекинаа мечот со Италија“, вели Ницовиќ.
РТС не сака да плати 200.000 евра за преносот од Џенова
Радио телевизија Србија се' уште не ги платила 200.000 евра за преносот на мечот со Италија, кој траеше цели седум минути.
„Преносот беше договорен два часа пред почетокот на мечот. Вообичаена е процедурата да се размени согласност преку електронска пошта, а дури подоцна да се потпише договорот. Уште ништо не е потпишано, ниту платено“, изјави уредникот на спортската редакција Зоран Марковиќ и додаде: „Во случај мечот да се регистрира со службен резултат 3:0 ни претстојат дополнителни разговори со италијанската страна. Секако, не може да платиме 200.000 евра за меч од седум минути. Никој тука не бега од плаќање, но толкава сума...“.
ВодаЧот на српските хулигани
им се извини на ИталиЈанците
„Сакам да им се извинам на Италијанците. Не сакам да ја уништам нивната држава. Многу ја сакам таа земја. Не е моја, но е преубава“, кажа Иван Богданов, водачот на српските хулигани, кои во Џенова создадоа тотален хаос и го прекинаа квалификацискиот меч Италија - Србија.
Богданов моментно се наоѓа во затвор во Италија, а преку својот адвокат порача дека немал намера со своите постапки да ја навреди Италија.
„Ова беше само протест против Фудбалската федерација и голманот Стојковиќ. Тој ја издаде Црвена звезда“, вели Богданов, кој ја пресече мрежата зад голот, нареди да се фрлаат факели и го запали албанското знаме. |