Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Спорт

Ѓоковиќ без милост, декласиран и Гарсија Лопез

Новак Ѓоковиќ продолжува со одличните партии на турнирот во Шангај пласирајќи се во полуфиналето со победата над Шпанецот Гилјермо Гарсија Лопез со 6:2 и 6:3. Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со победникот од мечот Федерер - Содерлинг кој се играше вчера доцна попладне.

Во првиот четврт-финален меч Енди Мари го совлада Французинот Жо Филфред Цонга со 6:2 и 6:2, а Австриецот Јирген Мелцер, кој во осминафиналето го совлада првиот светски тениски рекет, Шпанецот Рафаел Надал со 6:1, 2:6 и 6:3, беше подобар од Хуан Монако со 7:6, 5:7 и 6:2.

Ана Ивановиќ: Немојте да пиете јогурт пред меч

Српската тенисерка Ана Ивановиќ не дозволи судијата да ја исфрли од колосек. Иако тој не и' дозволи заминување во тоалет на почетокот од мечот, таа, сепак, отиде и изгуби гем.

„Не се чувствував добро по излегувањето на теренот затоа што се напив јогурт, па поради тоа ми беше лошо. Немојте никогаш да пиете јогурт пред меч“, изјав�� Ивановиќ по невообичаеното губење на гемот на почетокот на средбата со Стрикова од Чешка во второто коло во Линц. Откако го доби првиот гем, Ивановиќ побара пауза, но не ја доби.

„Му реков на судијата дека морам во тоалет, но тој ми одговори дека не можам да го напуштам теренот пред да сервира противничката. Меѓутоа, бев упорна. Кога се вратив на теренот судијата ми објасни дека за секои 20 секунди отсуство од теренот добивав еден казнен поен по што без игра го изгубив вториот гем“, дообјасни Ивановиќ. Сепак, тоа не ја исфрли од колосек затоа што го доби мечот со 2:0.

Зимоњиќ и Нестор ја прекинаа соработката

Една од најдобрите светски тениски двојки во последно време, Ненад Зимоњиќ и Даниел Нестор, се решија да ја прекинат соработката. Двајцата одлични тенисери одлуката ја донесоа со договор, сметајќи дека тоа е во интерес и на двајцата. Почнувајќи од идната сезона Зимоњиќ ќе игра со Французинот Мешел Лодра, а Нестор со Белорусинот Макс Мирњи.

Одлуката да прекине успешната тригодишна соработка на двајцата белграѓани не треба да чуди, имајќи ја предвид лошата форма на двајцата тенисери во вториот дел од сезоната. Второпласираната светска тениска двојка на АТП-листата во последните недели по правило испаѓаше во почетните рунди. Последниот голем резултат го остварија на Ролан Гарос каде што го освоија пехарот, како и во Вимблдон кога беа елиминирани во полуфиналето.

„Ненад предложи да ја прекинеме соработката, а јас се согласив. Мислам дека тоа е вистинска одлука за двајцата, а некое време и јас размислував за такво нешто“, изјави Даниел Нестор.

За Ненад Зимоњиќ тригодишната соработка со Нестор може да се смета за најуспешен период, со оглед дека освои 20 трофеи од вкупно 37 во кариерата.


#
Статијата е прочитана 372 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Загреб не се плаши од Лазаров
Мајнц оди по рекордните осум стартни победи!
Вардар про декласиран во Автокоманда
Дивеењето на хулиганите во Италија е одмазда на мафијата
Гамбит Асеко засилен со Кизов во Пловдив
Спорт на ТВ
Челзи дава 50 милиони евра за Пасторе






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy