Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

„Скендер-бег“ ќе влезе во Малиот ринг!

Општина Чаир се одлучи за второто решение со кое плоштадот навлегува во границите на општината Центар

Снежана Калабакова

„Скендер-бег“, најверојатно, ќе влезе во Малиот ринг! Откако Општината Чаир дефитивно го одбра второто идејно решение за новиот плоштад, со кое тој поминува преку своите граници и навлегува во општината Центар, стана јасно дека ќе биде неопходно да се направат нови промени на постојниот ДУП „Мал ринг“.

Плоштадот на Чаир зафаќа дел од Малиот ринг во кој се предвидени два објекта наменети за хотел и за деловно работење. Двете маркички се наоѓаат зад објектот на Филхармонијата, кој е во изградба и МНТ, до каде што, всушност, и се протега новиот плоштад „Скендер-бег“. Дали чаирскиот проект целосно ќе ги избрише објектите на Центар, или само ќе се намалат нивните габарити, како што првично предлагаше градоначалникот Изет Меџити, допрва ќе се расправа.

Општина Центар неодамна го донесе најновиот ДУП „Мал ринг“, но притоа не го имаше предвид идејното решение за кое Чаир се одлучи подоцна. Одлуката плоштадот „Скендер-бег“ да се гради според второто идејно решение, најверојатно, ќе иницира нови измени на Малиот ринг. За градоначалникот на Чаир не е проблем дури и ако не бидат направени потребните измени со отстапки за двете вцртани маркички. Дури и тогаш, смета тој, нема да има проблем проектот да се реализира и плоштадот да добие површина од над 20 илјади квадратни метри.

По првичните разговори, немало други контакти меѓу градоначалниците на Чаир и на Центар околу изградбата на плоштадот „Скендер-бег“. Сепак, Меџити потенцира дека официјално ќе го достават проектот до Одделението за урбанизам на Центар, а потоа ќе чекаат официјален одговор оттаму.

Од Општина Центар потврдуваат дека им била презентирана идејата на Чаир за изградба на плоштадот „Скендер-бег“. Велат дека во делот на Центар замислениот плоштад зафаќа приватни парцели за кои ќе биде потребно да се направи експропријација, а потоа и дополнување во Деталниот урбанистички план, што не е едноставен процес.

„Посреќно решение би било кога проектот би се реализирал само на територијата на една општина, во случајов на Чаир, но и ова решение не е неизводливо. Се' уште не се почнати никакви подготвителни работи за овој проект и затоа не се почнати и никакви постапки. За првичната идеја на Општина Чаир, до нас не се доставени официјални барања кои треба да бидат разгледани од страна на нашата Комисија за урбанизам“, објасни Јовица Ацковски, одговорен за информирање во Општина Центар.

Чаирскиот капитален проект од пред стоковната куќа „Илинден“, која сега е дел од Тетовскиот универзитет, се шири до Даут-пашиниот амам на една страна и до стоковната „Мост“. Нивелираниот плоштад преминува од другата страна со покривање на булеварот „Гоце Делчев“ и завршува на територијата на Општина Центар во делот помеѓу објектите на Филхармонијата и МНТ. Од јужната страна плоштадот граничи со уличката преку која сега се влегува на паркингот пред „Илинден“, кој со реализација на проектот ќе стане подземен паркинг.


#
Статијата е прочитана 1978 пати.

Испрати коментар

Од: Darko
Датум: 10.12.2010 12:51:10
Како може општина чаир да проектира плоштади на територијата на општина центар??? Ало Тодоровиќ јави се!!! Плус додека се изгради како ќе се одвива сообраќајот на најфреквентниот булевар во Скопје? Имам чувство дека ќе заглавувам со часови од стоковна куќа мост до суд...
Од: mkd
Датум: 10.12.2010 12:59:52
Ubavo sto se gradi no pred se treba da se ispolnat nekoi preduslovi za da moze da se izbegne etnicka oboenost. Kako e mozno na samiot spomenik da ima samo na albanski jazik napisano a Makedonskiot koj e drzaven i oficijalen da e zapostaven sto e sprotivno na zakonot. Ako saka da se izbegne podvoenost plostadot treba da se narece so ime prifatlivo za dvete zaednici a toa e Dzordzija Kastriot (Iskender-Skenderbeg) a ne samo kako edna zaednica saka. Toa e razbiranje a ne partiski dogovori.
Од: skopjanka
Датум: 10.12.2010 13:48:31
Megalomanstinata na cairskiot gradonacalnik odi do nevideni razmeri. Zaradi nemoznosta da se izbrisat markickite za filharmonijata taa e zbieno postavena do dr. objekti poradi stanbenite zgradi koi se tamu predvideni, a sega na nekoj tuku taka se drzna da si zamisluva plostadi. Sledno moze da bide preureduvanje na Parlamentot ili Vladata. Ne se raboti za albanci ili makedonci se raboti za siledzistvo koe ne ednokratno go pokaza Medziti. Nasata (centarska) madona Todorovik guvee, na ova treba zestoka reakcija i sprotivstavuvanje. ne e dovolen Cair pa sega i Centar, kako pocnal Medziti ke zavrsi vo Gorce Petov.
Од: Do mkd
Датум: 10.12.2010 15:03:50
Ako go nareceme Gorgija Kastriotovski,mesto Gjergj Kastriot toj kje prestane da bide Albanec!
Од: Goran
Датум: 10.12.2010 15:17:33
Ako go napravat kako sto e predviden proektot i kako sto e postaven ke bide edno od najdobrite i najubavite mesta vo gradot a i nekako mu veruvam na ovoj proekt deka nema da trae 100 godini i blokiran grad i soobrakaj za sega moja ocenka 5 .
Од: mimi
Датум: 10.12.2010 15:39:56
e makedoncinja spomenici na Albanci samo vo Albanija moze- da ste na Zapad!, a vie kutite i trajte kako sto toa go pravite so vekovi...tesko deka ke e vecna "nasata"Makedonija
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 10.12.2010 16:15:08
Ако. Ѓорѓи Кастриот е јунак од Македонија. И нему треба спомени како и на останатите Македонци.
Од: lepa
Датум: 10.12.2010 20:57:09
otide pola makedonija vo kosovo.....i site vo vmro cutat da ne padne koalicija a za makedo gi zabole uvo.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (1)
Сите на нозе по одлуката за Бајруш
„Шарени чадори“ со љубов за Скопје
Реализмот наспроти романтизмот
Санадер збриша од Хрватска пред да биде уапсен
Стипендии за Африканци, за нашите нема пари
Сакам кога очите ќе ми се наполнат со убавина
Доаѓа жешка зима
На Гинекологија тесно, по две бебиња во еден инкубатор
Вистината во притвор
Кога спајверите ја нарушуваат приватноста
Студ и мраз ќе ја оковаат Македонија
Наследството на Зевс
Право на достоинствен третман
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links