Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Санадер збриша од Хрватска пред да биде уапсен

Бившиот хрватски премиер заминал кон Словенија неколку часа пред да му биде одземен пратеничкиот имунитетот

Горан Адамовски


Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, побегна од земјата само неколку часа откако Државното обвинителство побара да му биде одземен пратеничкиот имунитет и да биде уапсен. Преку преминот Брегана Санадер заедно со ќерка си најлегално заминал за Словенија. Од тамошното МВР информираат дека морале да го пуштат да си замине, бидејќи во тие моменти немале зошто да го задржат, имајќи предвид дека дотогаш не била издадена наредба за апсење. Експретседателот на владејачката ХДЗ беше споменуван во многу афери, а врз која основа вчера се побара негово апсење - се чуваше како државна тајна. Медиумите објавија дека станува збор за негово учество во аферата „Фими-медија“, за што директорката Невенка Јурак е во притвор од август годинава.

Драмата започна вчераутро кога Државното обвинителство на Хрватска испрати барање до Саборот да му го одземе пратеничкиот имунитет на Санадер, а наедно и побара негово апсење. Седницата на мандатно-имунитетна комисија во Саборот, која едногласно изгласа одземање на пратеничкиот имунитет на Санадер, се очекуваше околу 14,30 часот, а хрватските медиуми веќе се стационираа пред домот на експермиерот очекувајќи го неговото апсење.

Санадер, чии соработници во изминативе денови и месеци беа осудени во различни судски процеси, не чекајќи ја полицијата на куќната врата, околу 11 часот преку граничниот премин Брегане, оддалечен десетина километри од Загреб, замина за Словенија.

„Не можевме да го задржиме, немавме никаква основа за тоа“, се правдаа од хрватското МВР.

Според шпекулациите на загрепските весници, Санадер ќе се крие во Австрија и преку своето австриско државјанство ќе се надева дека нема да заврши во најголемиот хрватски затвор „Реметинец“.

Санадер, пак, се огласи вчера попладне, тврдејќи дека е на службен пат и дека ќе се врати кога ќе биде повикан од Одделението за организиран криминал.

За кој случај Обвинителството има докази, официјално не се потврдува, бидејќи станува збор за таен документ. Сепак, медиумите веќе објавија дека во прашање е аферата „Фими-медија“. Оваа фирма регистрирана во 2001 година со еден вработен и околу 100.000 евра приход, израсна во фирма со 11 вработени и 120 милиони евра приход во 2009 година.

„Поголемиот дел од нив ги остварила токму преку државните фирми, кои и' ги повериле своите кампањи на оваа фирма“, пишуваат медиумите.

Бегството на Санадер ја шокираше целата земја. Тој долго време беше во САД, но есенва се врати во Хрватска, а тогаш, на прашањето на новинарите дали се плаши од апсење - одговори со „не“

Неговите акции паднаа лани кога од необјаснети причини се повлече од премиерската функција. На негово место дојде Јадранка Косор, која најави бескомпромисна борба против корупцијата поради што набргу се конфронтираше со нејзиниот претходник.


#
Статијата е прочи��ана 949 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 10.12.2010 15:08:18
Hrvatska e samo dva-tri cekori pred nas,a i Blace i Tabanovce ne se kojznae kolku daleku od Skopje.Ke ima i ovde bezanija i sou vo zivo,samo prasanje e koga,koj i kako.
Од: јас (Прилеп)
Датум: 10.12.2010 17:49:56
И кај нас има еден куп такви фирмички со по еден човек , ама со милионски профит..И види богати , поврзани со фамилијата..

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (1)
Сите на нозе по одлуката за Бајруш
„Шарени чадори“ со љубов за Скопје
Реализмот наспроти романтизмот
Стипендии за Африканци, за нашите нема пари
Сакам кога очите ќе ми се наполнат со убавина
Доаѓа жешка зима
На Гинекологија тесно, по две бебиња во еден инкубатор
„Скендер-бег“ ќе влезе во Малиот ринг!
Вистината во притвор
Кога спајверите ја нарушуваат приватноста
Студ и мраз ќе ја оковаат Македонија
Наследството на Зевс
Право на достоинствен третман
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links