|
|
|
|
|
|
ЕДИТОРИЈАЛ
Реализмот наспроти романтизмот
Соња Крамарска
Владата не попушти пред барањето на опозицијата за одржување предвремени избори, и тоа е одлука за поздравување. Македонија се наоѓа во исклучително деликатна состојба. Меѓуетничките односи не се добри, а односите меѓу двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се пред експлозија. Во последно време се случува и друг феномен на политичката сцена: внатрешната политичка ситуација во албанската етничка заедница е напната. Всушност, драматична.
Во такви околности, од една држава и од нејзините лидери се очекува трезвена одлука. Евентуални избори можат само да ги влошат состојбите и дополнително да ја дестабилизираат и онака кревката политичка ситуација. Со еден збор, вонредните избори со сегашните конфликти во македонското општество можат да направат повеќе штета отколку корист.
Да се надеваме дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ при одбивањето да поддржи предвремени избори се раководеше од овие процени, а не од теснопартиски интереси. Но, тоа и не е толку важно. Поважно е што е повлечен потег што може да биде добра основа за стабилизирање на политичката сцена, отколку за нејзино дестабилизирање, кое сосема сигурно ќе се случеше доколку се одржеа предвремени избори.
Но, одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не се одржат предвремени избори повлекува и некои други обврски за Груевски. Не може тој, откако ќе го заврши пописот во април и ќе си го измери рејтингот, да побара предвремени избори. Се шпекулира дека неговата намера е да издејствува распуштање на парламентот и вонредни избори во септември 2011 година. Ако тоа се случи, тогаш завчерашната одлука на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде само теснопартиски трик и купување време.
На новинарите, пак, им останува задача да ги откријат мотивите на Црвенковски за барање предвремени избори. СДСМ тие избори со сигурност ќе ги изгубеше. Оттука, енигма се причините за барањето на социјалдемократите за нивно одржување. Избори во овој момент и во следните пет месеци значат нов четиригодишен мандат и зацврстување на власта на Груевски. Статус кво во (не)решавањето на спорот со Грција околу името, неизвесно зачленување во ЕУ и во НАТО, слабеење на меѓународната позиција на Македонија и продлабочување на политичката напнатост дома.
На оние на кои им недостасува адреналин на политичката сцена, пописот на населението во април ќе биде добра можност за зовривање на страстите. Оваа операција, во други земји статистичка, во Македонија ќе биде политички барометар за сите идни случувања. За авторитетот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, за политичката сила на СДСМ и на ДПА. Нема сомнение дека ВМРО-ДПМНЕ направи зрела процена кога се изјасни дека за спроведување на пописот е потребна силна и политички стабилна влада. А тоа во моментов е владата на Груевски и Ахмети, која се потпира на силно мнозинство во парламентот и е невозможно нејзиниот опстанок да биде доведен во прашање.
Тоа се политичките математики. Реалноста, пак, во Македонија не е добра. Романтизмот го зазеде местото на реализмот при утврдувањето на владината политика. СДСМ изнесе на улица повеќе десетици илјади граѓани, кои се незадоволни, и тие, и нивните семејства. И гласаат на избори. Барањето на СДСМ за предвремени избори има, во таа смисла, и добри страни. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која триумфално чекори низ државните институции и се' повеќе го губи слухот за критиките кон нејзината политика, конечно, е потсетена дека не е сама на политичката сцена. Дека имаат ривали што ја демнат секоја прилика да им ја одземат власта. Тоа е секогаш корисно во една демократија.
Македонија веќе имаше едно искуство со предвремени избори. Ништо не се смени освен што една влада и една владејачка партија, наместо да го отслужат својот четиригодишен мандат, добија продолжување од две години. Проблемите останаа. |
#
|
Статијата е ��рочитана 1162 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 10.12.2010 12:36:41 |
|
Написов воопшто нема да ��м се допадне на Феличита,ајван др,шаховскиот чирак и др.Посебно два осврта за ,,зошто лидерот од Бихаќка бара избори а се знае дека ќе ги изгуби,новинарите тоа да го истражат,,и да ,,владата донела зрела одлука за пописот оти за такво нешто треба зрела и стабилна влада,,.За првото можеби човекот не го знаел тоа.Сега останува герила оти од востанието невидоа аир. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 10.12.2010 12:42:28 |
|
DPMNE odamna ja izgubi realnosta i edinstvena cel e bogatenje na familijata, voveduvanje a diktatura, uste da sozdadat i konc-logori za neistomislenicite. Prasanje e dali ce pobedi DPMNE so ogled deka site rejtinzi ne se realni. Sto pobrzo si otidat sansite MKD da opstane se pogo,eni |
|
|
|
|
|
|
Од: komentar |
Датум: 10.12.2010 12:54:48 |
|
Ke ostanat zabelezani slednive fakti. SDSM predlozi revizija na privatizcija DPMNE ne saka, SDSM saka izbori DPMNE ne saka. |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 10.12.2010 13:15:30 |
|
ФЕЛИКС-Летајте со нарачаните рејтинзи.Ако сте сигурни што се криете ко таква под кошула?.Знам ќе трескате ќе коштат изборите.Секако нема да коштат повеќе од еден споменик.Едно бити порачал пратетего Санадер кај оди ќе ви затреба да го знаете патот. |
|
|
|
|
|
|
Од: Јован АН |
Датум: 10.12.2010 13:38:47 |
|
На прашањето “зошто б.ц. бара избори за кои знаедека ќеги изгуби“ одговорот епредвидлив.На тие избори тој ќе се кандидира за пратеник со “надеж“(пак надеж!) дека со пратеничкиот имунитет ќе куртули од аферата “надеж“. |
|
|
|
|
|
|
Од: do ФЕЛИКС |
Датум: 10.12.2010 14:14:37 |
|
ФЕЛИКС, kako odlucuvate na koi napisi kje komentirate? vo shtab ili po sopstveno ubeduvanje?
sto se slucuva ako pogresno iskomentirate ili komentirate na pogresna vest? ne vi davaat procent? vi kratat "stimulacii"... bas me interesira... |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 10.12.2010 14:23:28 |
|
Среќко малку здивна,ќе прима хонорари уште неколку месеци!Ти реков да бидеш мирен,се грижам јас за тебе.Страв лозје чува,а стравот на Грујо го чува хонорарот на Среле!А, и скапи се изборите,можат да не чинат колку еден лав без јајца! |
|
|
|
|
|
|
Од: Vasko |
Датум: 10.12.2010 15:13:16 |
|
Edisntveno konfliktni situacii i eksplozija ima na Bihacka, a drugo mesto nikade ne gledame nekoj problem, osven krevanje vreva i pravenje galama za djabe. Zarem uste taja t.n. opozicija ne sfatila deka ovie evtini finti ne vrvat povekje i deka sme 21 vek? Pomina vremeto na galamdzii koj sakat nasila da dojdat na scena, takvi fraeri kako tie od Bihacka odamna izlezeni se od moda, ama kaj niv modata stignuva za 30 godini ,odnosno kasnat tie edno 30 godini i ziveat uste vo SFRJ, pa taka da ne me cudi zosto e situacijata takva kakva sto e momentalno! |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 10.12.2010 19:49:24 |
|
Felix skoka od kolce na kolce i zasega vesto gi izbegnuva zamkite,se dodeka ne naleta na srcikol!!!!!
Ne se ni obiduva da odgovori ( ne da razmisli,zosto razmisluvanjata go dovele do takviot nacin na
vireenje) na ednocudo direktno i indirektno postaveni prasanja.Ubavo napisala Kramarska (mislam deka so slicen tekst vece se javuvase taa ili nekoj drug novinar).posebno za kategorijata "Felix",koi ne se obiduvaat da postavat edno osnovno i mnogu bitno prasanje,a koe ne go obrabotuva i avtorkata.
Dali misli i vrz osnova na sto,avtorkata (vazi i za Felix) deka tenzicnite odnosi ce se podobrat
ili ce eskaliraat uste povece.Jas,barem ne gledam
nikakvo "svetlo vo tunelot" na toj plan ,potocno ne
mi e jasno koi parametri da gi zemam vo predvid
za da razmisluvam pozitivno vo toj pravec.
Zasega takvi nema!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
|
|