Што ќе одбележуваме в година
Македонија наредната година официјално ќе ги одбележува 100 години од раѓањето на Мајка Тереза, 1.100 години од смртта на Свети Наум Охридски, 200 години од раѓањето на нашиот преродбеник Димитар Миладинов, како и 20 години од првите повеќепартиски избори. Нивното одбележување е предвидено во предлог-програмата за значајни настани во 2010 година, која вчера едногласно беше поддржана од собраниската Комисија за култура. За албанската етничка заедница во земјава од особено значење ќе биде одбележувањето 100 години од одржувањето на Битолскиот конгрес. (О.В.) |