Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Фељтон
Политика
01.12.2009, 17:33

Холандија ќе не' спасува со вакцини

Министерот Бујар Османи не сака да го коментира скандалот со вакцините зашто случајот ќе има судска разврска

Јасмина Јовановска


Холандија ќе не' спасува со вакцини против новиот грип. Владата на оваа земја ветила дека на Македонија ќе и' продаде вакцини, толку колку што ќе побара. За ваквата одлука на холандската влада нашиот амбасадор во Хаг вчера го известил министерот за здравство Бујар Османи. Цената по која ќе се купува ќе биде таа по која Холандија ги купила вакцините, вели министерот Османи, додавајќи дека за тоа, сепак, дополнително ќе бидат информирани. Холандија, како што вели нашиот министер за здравство, набавила 34 милиони дози вакцини што се производство на „Глаксо“ и на „Новартис“. Османи не прецизира колку дози од вакцината ќе бидат набавени, оставајќи тоа да го одреди Комисијата за пандемски грип, но и во зависност од интересот за вакцинирање. Посебно што одѕивот за вакцинирање кај здравствените работници не се одвива како што било предвидено. Вакцинирани се над 500 лекари, но со оваа бројка Министерството за здравство излезе и минатата седмица. Оправдувањето зошто нема нови податоци е дека тие се сумираат седмично.

Дека лекарите, сепак, одбиваат да се вакцинираат зборува и апелот на министерот до медиумите да не бидат толку негативно настроени кон вакцинирањето, зошто така само се предизвикува контраефект. „Ова не го бараме за да се трошат вакцините, туку што побрзо да го увериме населението дека вакцината е најефикасен начин за заштита од последиците од пандемијата“, изјави првиот лекар во државата. „Затоа што како ќе се зголемува бројот на инфицираните лица, така ќе расте и бројот на жртвите од новиот грип“, додаде Османи.

Министерот Османи одби да го коментира скандалот со вакцините, односно дали на „Кемофарм“ им бил испратен договор за набавка, или тоа не било сторено, како што тврдат од веледрогеријата што беше избрана како најповолен понудувач. Тој смета дека од самиот случај се гледа кој е одговорен за целата постапка и затоа ќе има и судска разврска. „За граѓаните не е битно кој е виновен, битно е што ќе има вакцини“, додаде министерот и потенцира дека Македонија е прва од земјите надвор од ЕУ каде што е почнато со вакцинирање против новиот грип. Тој не сакаше да коментира зошто за набавката на вакцините се одело преку посредник, кога Министерството за здравство сега успеа директно да комуницира со производителите, туку само кратко рече „па, тоа беа понудите“. Османи не сакаше да објасни ниту која е причината поради што Владата ја поништила одлуката за „Кемофарм“.

Вакцините на „Бакстер“, според најавите од Министерството за здравство, се на пат и со нарачаните 20.000 дози граѓаните ќе може да почнат да се вакцинираат на крајот на седмицава. На прашањето зошто не се контролираат вакцините и во нашите лаборатории, тој одговори дека според нашата законска регулатива се прифаќаат сертификатите на Европското биро за регистрација на лекови и вакцини, а од друга страна, пак, препораката на СЗО е таква - ако немаме производство на вакцини и лаборатории за нивно контролирање да се прифати листата на вакцини што ги верифицирала оваа организација.

За два месеца во земјава се регистрирани 8.891 заболени од грип, од кои лабораториски се потврдени 890 случаи, што биле со најтешка клиничка слика. Другите се лекувале кај матичните лекари и се излекувале без антивирусна терапија. Последната седмица се регистрирани најголем број и тоа околу 5.000 случаи.

Моментно на инфективните одделенија има 203 полес��и случаи на грип, зошто најтешките форми и натаму се препраќаат на Инфективната клиника во Скопје, каде што заклучно со вчера попладне на лекување се задржани 84 болни. Од нив двајца се во критична здравствена состојба и се приклучени на апарати за дишење. Станува збор за 25-годишно момче, што веќе три дена е на интензивна нега, но е во стабилна здравствена состојба, а другиот пациент е 59-годишен маж. Пациентката што беше префрлена пред четири дена од КАРИЛ е подобра и од вчера не е на респиратор. Во тешка здравствена состојба се уште четири пациенти, но не се на респиратор. На Детската клиника има 67 деца на возраст од шест месеци до пет години. Од нив две деца се со потешка форма на бронхопневмонија, но не се на респиратор. За починатите лица, пак, досегашните сознанија говорат дека повеќето се лекувале сами дома неколку дена и на клиника се јавиле со задоцнување и во многу тешка состојба. Дел од нив имале и поголема телесна тежина.

Поради тоа што се зголемува бројот на болни што имаат потреба од згрижување во болница, Комисијата за пандемски грип вчера одлучила полесните случаи на грип кај децата да се прифаќаат во Институтот за белодробни заболувања во Козле. „Како што Воената болница е наменета за полесни форми на грип, кои треба да се хоспитализирани, така болницата во Козле ќе биде за деца, за што ќе бидат известени матичните педијатри“, рече министерот Османи. Како што се шири инфекцијата, така првиот фронт против грипот ќе се симне кај матичните лекари, па Комисијата одлучила да се продолжи редовното работно време на матичните лекари и тоа до 22 часот навечер.

Фондот за здравствено осигурување, пак, освен поедноставувањето на постапката за издавање боледувања и поголема слобода во бројот на упатите, заради вонредната состојба со грипот ќе биде полиберално и во препишувањето на рецепти и остварувањето на превентивните цели за кои матичните лекари на секои три месеци добиваат стимул по 30 отсто од вкупната капитација. На товар на државата лекови треба да се препишуваат и за време на редовните и ноќните дежурства. Матичните лекари треба да се организираат, односно своите факсимили да им ги даваат на дежурните колеги за да можат на болните да им издадат лек на товар на фондот, без оглед дали се матични лекари на пациентите што се јавиле на преглед, објаснуваат од Фондот.


Статијата е прочитана 1617 пати.

Испрати коментар



Депонијата ќе се отстрани во јануари
Промени на списокот за социјални станови
Македонците ќе градат црква во Загреб
Поедноставно до пари за купен лек
Што ќе одбележуваме в година
Пелоси го чувала ѓерданот
ЕПП - битка за македонското прашање
Млади од Македонија ќе се усовршуваат во Франција
Г.г. Стефан поважен од Иванов



objektiven, 02.12.2009 00:35:48
Odlicno Menadziranje od strana na ministerstvoto, organizirani, podgotveni i snaodlivi vo nepredvidlivi situacii/
bobi, 02.12.2009 09:49:09
nesposobna vlada koja ne laze sekoj den deka vakcinite samo sto ne stignale.Zarem nikoj nema da ponese odgovornost okolu Kemofarm.Nekolku meseci ne zalazuvaa deka vakcinite samo sto ne stignale za na kraj da ni kazat deka tie nemale potpisano ni dogovor.Zarem ova e odgovornost a najmalce profesionalizam .
Miki, 02.12.2009 10:44:34
Зошто толку Министерството чекаше со набавка на вакцините, кога тендерот одамна бил завршен. Дали некој од починатите доколку навреме беше вакциниран немаше трагично да заврши. И дали сега има смисла вакцинирање кога не знаеме дали во моментот на примање на вакцината можеби сме заразени. А во тој случај симптомите ќе бидат уште појаки. Како и да е, министерот мора да сноси одговорност за непреземените чекори по однос на вакцините.
pero, 02.12.2009 14:37:00
и јас се согласувам дека одлично менаџираат од министерството. особено што се знаеше дека ќе требаат вакцини уште од почетокот на летото.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 17°C

Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Се урна потпорен ѕид на Водно, жителите на зградите евакуирани
Жителите на овој дел од Скопје, велат дека поради опасност од излизгување на земјиштето и рушење на две згради од кои ед...
(ФОТО) Кристина Арнаудова се разладува во Котор
Скопскиот асфалт го замени со морските бранови, а во песокот и водата најмногу ужива, кој друг ако не едноиполгодишното ...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...
Голема радост за враќањето на „Дед Кен Денс“
Со новиот албум „Анастасис“, австралиското култно дуо Лиса Жерар и Брендон Пери, уште еднаш ја докажа својата креативна ...

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон |