Поедноставно до пари за купен лек
Фондот за здравствено осигурување ја поедноставил процедурата за рефундирање на средствата за лекови купени во аптеките, како и за потрошениот хируршки материјал кој се вградува, на пример, за колкови и протези. За да им бидат вратени парите за купениот лек, според измените што биле усвоени на последната седница на Управниот одбор на оваа институција, на осигурениците Фондот повеќе нема да им бара потврда за дефицитарност на лекот во болниците и клиниките, која пациентите многу тешко ја добиваа. Ќе се враќаат 80 отсто од рефертната цена на лекот, која ја има утврдено Фондот за лековите од позитивната листа,а која за кратко време ќе претрпи измени поради новиот Правилник за одредување рефертни цени на лековите.
За купен колк или протеза, која ја немало на клиниката или, пак, во болницата, Фондот на болниот ќе му ги врати парите и без да има конзилијарно мислење. (Ј.Ј.) |