Група интелектуалци апелираат до европските авторитети да помогнат за разумен компромис со Грција
Александра М.Митевска
Писмата од премиерот Никола Груевски и од министрите за евроинтеграции и за надворешни работи, Васко Наумовски и Антонио Милошоски нема да бидат единствените што ќе се најдат на бироата на европските авторитети пред заседанието на Европскиот совет.
Група интелектуалци од Македонија деновиве ќе се обратат до надлежните функционери во ЕК и до шефовите на држави, влади и дипломатии на земјите-членки на ЕУ со апел да се спречи „разнебитувањето на македонскиот народ и на неговата држава“. Единствено, властите во Атина ќе немаат можност да го прочитаат апелот во кој се сугерира Грција да ја почитува Привремената спогодба, бидејќи нејзиното натамошно игнорирање „значи прекинување на процесот на посредување и барање решение, кое би ја загрозило безбедноста на регионот“.
Апелот, адресиран до „сите мирољубиви, демократски, прогресивни и добронамерни поединци и сили во светот“, вчера беше објавен во „Нова Македонија“, заедно со формулар што можат да го потпишат оние што се согласуваат со наводите во него. А, таму се наведува дека Македонија е изложена на силен меѓународен притисок да го смени уставното име, со кое се гордеела веќе 65 години, дека се врши геноцид врз македонскиот народ кој е пред присилно истребување, дека Македонците ќе останат без национален идентитет и историски континуитет ако се прекрсти нашата држава...
Меѓу потписниците се и двајца советници на претседателот Ѓорге Иванов - амбасадорите Димитар Мирчев и Ристо Никовски. Во апелот дури и фигурира терминот „разумен компромис“, кој беше препознатлив во предизборните настапи на Иванов. Меѓутоа, Никовски е категоричен дека станува збор за граѓанска и натпартиска иницијатива, кон која веќе се приклучиле педесетина интелектуалци, кои настапуваат во лично име. Никовски деновиве планира да испрати писмо и до влијателните светски медиуми, со цел да му се даде гласност на македонското прашање.
Апелот го потпишале и директорот на институтот „Евро-балкан“, Јован Донев, академик Блаже Ристовски, универзитетскиот професор Ферид Мухиќ, потоа Ефтим Клетников, Таки Џиков, Игор Јанев, Горазд Росоклија ...
Главно, станува збор за личности што настапувале со тврди ставови во однос на компромисот со Грција. Донев, на пример, подолго време се залага за прекинување на преговорите, бидејќи, по ветото во Букурешт, Македонија веќе немала спор, туку конфликт со Грција. Никовски пред неколку месеци ја разбранува јавноста кога предложи државата да се преименува во Република Македонија (Вардар), бидејќи со придавките „горна“ или „северна“ ќе се разнебител македонскиот народ. Мирчев, пак, во една неодамнешна колумна напиша дека власта има „многу убава стратегија - да не ни се случи да го затрат црното семе!“ Според него, „може на таа стратегија да се додаде по нешто. На пример, во оваа ситуација, да и' се обратиме на ООН и да изјавиме дека засега разговорите се бесполезни“.
Потписниците на апелот, меѓу другото, предупредуваат да не се дозволи да се прекршат фундаментите на слободата и на демократијата, бидејќи „македонскиот народ не бара ништо што не е придобивка за сите народи и држави“.
По игра на случајот, вчера во дневниот печат беше објавена и една поинаква декларација со која се укажува дека внатре во државата е загрозена слободата на поединецот, поради зачестените вербални напади врз оние што настапуваат со идеи различни од политиките на власта.
Декларацијата, иницирана од „Граѓани за европска Македонија“ ја поддржале повеќемина професори, новинари, претставници на НВО-секторот... Таа можеби нема да се најде на масите на европските лидери - во клучен период за меѓународното позиционирање на државата. Сепак, во оваа декларација јасно се укажува дека власта се обидува да го амортизира секое струполување на македонските позиции на меѓународен план однатре поттикнувајќи лов на вештерки, предавници и внатрешни непријатели.
„Уште еднаш, исто како пред Букурешт и по него, ни се случува повнатрешнување на деструкцијата, сведување на јавниот говор на бруталност, постојано ширење говор на омраза, етикетирање и барање непријатели“, се вели во декларацијата.
Dimitar Mircev i Risto Nikovski da go iskoristat noviot benefit na vladata i da odat 10 dena vo najbliskata mineralna banja. Od takvi kako niv ne ni treba soveti i moj sovet pretsedatele nemate sto da slusate soveti od niv.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.12.2009 07:57:26
Посочувањето и правењето паралели поме��у две декларации кои меѓусебно немаат никави допирни точки е малициозно од страна на авторката на написот.Едната дебело ја подржува народот а другата ,,јаука,, за владини притисоци а при тоа заборава кој се учествува на тие нивни трибини.Индивидуи кој промовираат улична демократија со цел соборање на власта,е ова нее притисок ова е нешто ептен демократично.Ме подсеќаат на Р.Крусо а Петко се помодрените.
Од: gluposti
Датум: 02.12.2009 08:27:10
Abe sto se glupiraat ovie!!!??? Pa jasno e deka Gruevski imeto go smenil a sega tie mi glumat nekoj si spasiteli. Ili se glupavi ili nejkat da veruvaat deka nivniot Grujo gi IZLAZAL. Grcija NEMA da udri veto toa sekomu mu e jasno. Ako Grujo nejke da go smeni imeto togas sto ima on i pomnataka sekojdnevno da se naoga so Papandreu a na plus na seto toa sve sto zborat krie, a ZOSTO???? Znaci ima nesto stom krie.
Од: Cestitki za Jug
Датум: 02.12.2009 08:59:46
Bravo Jug. Pogodok v centar. Cestitam za komentarot.
Од: bobi
Датум: 02.12.2009 10:04:24
Vo proglasot do EU da ne se zaboravat i intelektualcite od anticki kov kako sto se:
mirka ,milenko,latas,tomik,janko .Bezobrazno i pervezno ke bide ako ovie poltroni ne gi pokazeme vo EU.Neka vidat i oni kakvi destruktivni sili imame i nie Makedoncite.Dosta ne zamaraa nas.Sega koga sme pred vratite na EU da im pokazeme kolku mali Fidelcinja Gebelscinja Cavescinja imame vo nasata ni draga tatkovina.
Од: penzioner
Датум: 02.12.2009 10:41:05
kakav pretsedatel takvi sovetnici,tesko nas
Од: nekoj
Датум: 02.12.2009 11:30:33
tesko na drzava so vakov narod i so vakvi "intelektualci" i politicari. Drzava e politicki entitet, nacija e grupa na luge sto deli ista kultura, jazik, obicai. Kako moze ime na drzava da smeni identitet?? Moze da objasnite? Ajde dosta so gluposti, tuku resavajte sporot zasto veke ste providni vo namerite-kradenje, kradenje i samo kradenje, bez kontrola na pari i sredstva, divina, banana drzava
Од: Delco
Датум: 02.12.2009 13:28:00
"Gragjani za evropska makedonija", aman na sto lici ova? Da recevte Gragani za evropska integracija pa de ve razbere i gospod! Vo koja druga zemja od zapaden Balkan ima vakvo dvizenje ili partija! So integracija barem ke imavte moznost za sorabotka i idea, da rabotite vo ist pravec. Ovde ne moze da se kaze deka se odi na dobrososedski odnosi!!
Од: Трпе
Датум: 02.12.2009 14:12:45
Што сработил,наш мистер Рејтинг со неговата ЕПП влада.Зарем неможат да видат дека поради нив ,цел свет се мајтапи со нас.Треба да бидат благодарни на локомотивата што го влече возчето Чиро,пак беше Србија.Тадиќ беше во Брисел за визниот режим а каде беа нашите.За политичари што не ги бидува не ѓи бидува.Но каде ни ја доведоа земјата со стандардот.Со нивните презадолжувања.До каде ни е правната држава.Какво ни е здравството,економијата,инфраструктурат земјоделието..Зарем не знат дека со лага Ага не се бидува.На балканот ке останеме последното вагонче и ќе чекаме други да не влечат.Само господ може да ни помогне со ова власт.
Од: Миле
Датум: 02.12.2009 15:43:51
Постои разлика помеѓу „Граѓани за европска Македонија“ кои не се во состојба да препознаат и осудат шовинизам во грчките барања и кои заговараат самоукинувања на македонскиот народ и „Граѓани за Македонија со европски вредности„ кои се стават во служба на одбраната на европските птинципи и врености во името на македонскиот народ и достоинството на ЕУ.
Борбата за зачувување на името е борба за јакнење на европските капацитети на државата. Повикување на капитулација пред уцените е...
Искрено се надевам дека вистинските европејци ќе ни помогнат за да и помогнеме на ЕУ да ги разобличи шовинистите во сопствените редови.
Од: EU
Датум: 02.12.2009 19:46:07
E se nasle, "moj do mojega ", najcvrstite nacionalisti i /ili politicki prevrtlivci. Drzi predlogot na Jug da se cestat so banjski tretman, no ne vo RM, tuku na Island. Ke go izdrzime i ovoj trosok kako investicija za idninata.