Млади од Македонија ќе се усовршуваат во Франција
Македонија може да смета на поддршката од Франција во евроинтеграциските процеси, бидејќи нејзината иднина е во Европа, порача вчера францускиот министер за имиграција, национален идентитет и солидарен развој, Ерик Бесон, кој еден ден по одлуката за укинување на визите , дојде во земјава да потпише договор за мобилност на младите вреден 250.000 евра.
„Договорот нема да значи одлевање мозоци, туку спротивно, младите ќе имаат можност за студирање, но и за обука, зада можат да ја изградат својата европска иднина“, изјави министерот Бесон по потпишувањето на договорот со премиерот Никола Груевски. Бесон вчера ги посети и француските гробишта во Скопје. (МИА) |