Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика
Македонците ќе градат црква во Загреб

Македонската православна црковна општина „Св. Злата Мегленска“ идната година ќе почне да ја гради својата прва црква и тоа на раскрсницата меѓу улицата „Омишка“ и Загрепска авенија. Градот Загреб за 1,4 милиони куни (околу 190.000 евра) ќе им продаде околу 800 квадратни метри земјиште. „Тоа е наш прв верски објект во Хрватска. Во Загреб живеат 667 Македонци, а во Загрепската жупанија вкупно не' има 1.500. Но, во оваа црква би гравитирале и Македонците од другите градови, како Карловац и Сисак“, вели претставникот Кирко Велински, претставник на Македонската православна црква.

Досега Македонците за верскa служба одеа во капелата на свети Рок во жупата на свети Блаж, што на користење ја добија од Загрепската надбискупија уште за време на бискупот Фрањо Кухариќ.

„Таму ја извршувавме службата и веднаш си одевме. Сега откако ќе добиеме свој простор, ќе можеме уште малку да останеме и да се дружиме. Исто така, нема да мораме да најмуваме простории секогаш кога нешто ќе организираме. Во иднина се' ќе се одвива во црквата“, среќен е Велински.

Но, Македонската православна црква нема, како што е обичај кај сакралните објекти, да биде величенствена градба, туку скромна и невпечатлива. Повеќе ќе личи на голема куќа отколку на црква. Со оглед на тоа дека дозволена изградба на парцелата е 50 отсто, црквата нема да биде површински поголема од 400 квадратни метри.

Колку ќе чини изградбата и како ќе се финансира се' уште не знае ниту Кирко Велински. „Досега не можевме да преговараме, бидејќи го немавме земјиштето што толку долго го посакувавме. Сега имаме решение на конкретни работи, па ќе можеме да бараме и пари. Наредните денови ќе побараме процена на трошоците за изградба на црквата“, вели Велински. (Вечерњи лист)


#
Статијата е прочитана 777 пати.

Испрати коментар

Од: Јован
Датум: 02.12.2009 08:38:12
Хрватите се легенди дадоа во Загреб,македонците да имаат своја црква и тоа да носи име на македонска светителка(она е се христијанска,но во моментот да го потенцираме македонското).Белград исто ќе даде да имаме своја црква ама на 31 Февруари.
Од: blaze
Датум: 02.12.2009 14:24:03
Za sekoja pocit. No pravoslavnata crkva sto e vo centarot na Zagreb isto taka ja gradele makedonci. Poglednete gi samo daritelite na freskite, site se od Tetovo. a sega taa se smeta za srpska. Makedoncite treba da go postvat toa prasanje pred hrvatskite vlasit i da ja zemat crkvata vo svoe vladenie, a srbite neka gradat nova.

Најди! во Утрински
Политика
ЕПП - битка за македонското прашање
Холандија ќе не' спасува со вакцини
Млади од Македонија ќе се усовршуваат во Франција
Поедноставно до пари за купен лек
Г.г. Стефан поважен од Иванов
Што ќе одбележуваме в година
Пелоси го чувала ѓерданот
Депонијата ќе се отстрани во јануари
Промени на списокот за социјални станови