Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

ММФ греши, тврди Владата

Според министерот Славески, ММФ тргнал од погрешни претпоставки и дал погрешни препораки

Александрија Стевковска

Извештајот на Бордот на директори на ММФ погрешно ја претставува фактичката состојба во земјава, смета министерот за финансии, Трајко Славески, оценувајќи го извештајот како тргнат од погрешни претпоставки, кој дал и погрешни заклучоци и погрешни препораки.

Во контекст на тоа, Славески не смета дека Владата се однесува трошаџиски, дијагноза што ја постави ММФ проучувајќи го буџетот за идната година и повикувајќи ја државата да ја заузда јавната потрошувачка. Министерот за финансии ги оквалификува како неточни речиси сите препораки и согледувања на Бордот на директори на ММФ.

„Не ми јасно од каде е констатацијата дека Македонија има висок надворешен долг. Јавниот надворешен долг е сведен на најниско ниво во однос на сите соседни земји, или 25,8 отсто од БДП. Се тврди дека, наводно, приватните трансфери се намалуваат, иако тоа беше случај само за првиот дел од годинава, а претпазливоста доаѓаше од очекувањето за признавање на Косово. Тоа беше политички шок кој беше преброден за потоа да се стабилизираат приватните трансфери“, потенцира Славески.

Владата, според Славески, останала неразбрана со ММФ за еден фундаментален пристап, односно користењето контрациклична фискална политика.

„Не се јасни препораката и забелешката што се однесуваат на обесхрабрување на инвестиции во инфраструктурата, кога ММФ препорачува зголемено фискално трошење како една контрациклична мерка за пресретнување на кризата. Не знам зошто еден лек што им го препорачува на сите земји не би функционирал и во случајот со нашата“, објасни Славески, за веднаш потоа да изјави дека Владата се одлучила за инвестирање во инфраструктурата многу пред светската економска криза, а не како начин за надминување на последиците од кризата.

„Во време на дискусии за буџетот Владата е свесна за предизвиците и за неизвесностите што стојат пред нас. Сите мерки што се преземаат се насочени кон ублажување на последиците од кризата. Сметаме дека нашите политики се добро поставени за да одговорат на тие предизвици“, смета министерот за финансии, Трајко Славески.

Тој како неразбирливо го оцени охрабрувањето на ММФ централната банка и натаму да ги зголемува каматните стапки кога сите земји во светот водат експанзивна фискална политика и ги намалуваат каматните стапки.

„Нема да дозволиме задушување на македонската економија, односно тоа не се препораки и политики што водат кон ублажување на последиците од кризата и одржување на растот“, истакна Славески.

Најголемата забелешка на ММФ за Владата се однесува на делот во преголемото олабавување во трошењето на државните пари, што според опозицијата е најуочливо во нејзиното саморекламирање. За опозицијата, неразбирливо е државата да се задолжува за некои проекти, како што е на пример предвидениот заем од ЕБОР за изградба на патишта во висина од 50 милиони евра, средства кои можат да се изнајдат од домашни извори ако, на пример, се скрати од ставката за реклами.

„Според неофицијални извори, во 2007 година Владата потрошила околу 23 милиони евра за реклами, за годинава не се знае, а според количината за реклами за идната година, најверојатно, во 2009 година ќе бидат потрошени 50 милиони евра за таа намена. Притоа, со зголемувањето на буџетскиот дефицит за идната година, наместо да се финансираат развојни проекти, ќе се финансираат рекламите на Владата“, обвини вчера Јован Манасиевски на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

Игор Ивановски од СДСМ нагласи дека опозицијата поддржува инфраструктурни проекти, но за нив треба да се најдат средства од домашни извори.

„Педесет милиони евра има во Македонија од рекламите, како и од платите на партиските војници вработени преку агенциите за привремено вработување, преку кои годишно се исплаќаат 72 милиона евра. Ако се откажете од една третина од овие вработувања, ќе можете да реализирате дел од проектите за кои сакате да се задолжувате“, смета Ивановски. Според него, Владата води погрешна политика зашто претходно вратила кредити кои биле со многу поповолни услови, а сега ќе се задолжува кога кредитите се поскапени и неповолни.

Според министерот за финансии, средства што служат за промоција на земјава и некои владини мерки значително не влијаат на буџетот, што значи дека не може на тие средства да се потпре државата за да ги инвестира во инфраструктурата. (А.С.)


Статијата е прочитана 1309 пати.

Испрати коментар

Од: Jovan ST
Датум: 11.12.2008 00:22:51
За Г-дин Трајко Славевски, пишувањата и кажувањата на ММФ, Светската Банка и многу други влијателни фактори, дека мора да се штеде, за Г-дин Трајко Славевски тоа се чисти шпекулации. Па и точно така. Од каде ке дрпаат пари, од каде синот ке му оди на одмори по 2-3 пати, е тоа треба да го питате министерот Славевски. Срам да му е на Славевски, во Македонија се затвараат фирми се отпустаат работници, а он мисли каго да го зголеми буџетот. Така министре не се работи, како прво ке работите да го збогатите народот, а не Вие во владата да се збогатите, богат народ-богата дрзава, Вие правите сиромасен народ- богата влада, само незнам до кога ке биде вака, додека не се освестат заспаните овци во Македонија, да станат и да кажат одесга ке бидеме Лавови...
Од: zoki
Датум: 11.12.2008 01:33:34
pa i ako se razbudat lavovite,i ako se smeni vladata,shto mislite,poarni ke dojdat...isti takvi ke dojdat pak na vlast,,,samo si gledaat za svoja korist,kogo go briga za narodot?Pa dali ke ima rabota,dali ke raboti stopanstvoto,koko go gajle...koj se protiveshe koga se prodade telefonkomunikacii,,,nikoj i koga se zedoa debeli provizii,a sega ,ukradeno 4 mil,,,evra...pak kogo go gajle za toa,samo siromaviot narod ke pati,,pa i ovie svetski struchnjaci ,kaj se najdoa da objasnuvaat na pametnata vlada ,kako da troshi pari...ministri,ne gi slushajte,tie nishto ne razbiraat,zoshto tie neznaat da pravat proneveri,korupcii i mita,,toa na zapadot ne se uchi,pa pokazete gi kako toa funkcionira..
Од: vickast
Датум: 11.12.2008 02:17:01
hahhaha e bas se vickasti ovie dzudzinjava...mmf gresi, eu gresi, cel svet e vo svetska zavera protiv nivniot uspeh vo dardanija kade sto dzemaili pali i gasi
Од: Никола
Датум: 11.12.2008 03:31:49
Може некој од Владата да каже колку точно изнесуваат тие сретства за промоција на земјава и на некои владини мерки? Каде е транспарентноста?
Од: sande
Датум: 11.12.2008 03:48:49
Koga rezultati od posetata vo SAD. Pa rizicna zemja ste be so vakvi barabi nikoj nesaka da si ima rabota.
Од: vlado
Датум: 11.12.2008 07:03:02
Na Gospodinot Trajko mu e poterben iten Fitnes Trening. Pred da bide Minister nemase za sto kuce da go kasne......
Од: Рубин
Датум: 11.12.2008 08:14:09
Во услови на криза, криза на капитализмот каква што владееше уште од 1929-1933 година, кои го потресуваат капиталистичкиот систем на секои 80 до 90 години се случува и сега. Една од основните теории за надминување на кризата кои се покажале како успешни се “теоријата на државна контрола“ и „Кензијанската теорија“ и двете теории се однесуваат на намалување на непроизводната потрошувачка и финансирање на проекти од инфраструктурата, со што би се изведувале работи кои нема да ја зголемуваат и продлабочуваат конкурентноста и нема да ја потикнуваат директно потрошувачката туку индиректно преку инфраструктурни проекти како градење на патишта, болници, водоводи, мостови и др ќе се пуштаат ефективни пари во оптек. Читајте кензијанска теорија. И јас се запрашувам кога оваа теорија ММФ му ја препорачува на сите капиталистички општества за излез од кризата зошто не ни ја препорачува и нас. Да не заборавиме дека во 2001 година кога тогашната влада не ги усвои препораките од ММФ се случи конфликт
Од: Трпе
Датум: 11.12.2008 08:43:19
Нормално е стручнаците од ММФ да грешат.Немат дипломирано во Прилеп а магистрирано во Скопје како премиери.Шуплаци,тие познават повеке пракса а немат врска од теорија.Трајко Славевски да им е даскал.
Од: zabegan
Датум: 11.12.2008 08:56:38
kako i da e no ona izjava na G.SLAVESKI deka tie pari sto bile za reklami ne mozelo da bidat preneseni za PATISTA.pa dali tie pari nese veke prefrleni za reklami pred izbori.BOG DA CUVA........
Од: Prasina vo oci
Датум: 11.12.2008 09:21:49
Dobro bre Trajko, na kog mu frlas prasina vo oci? Pa dali si ti strucnjak i profesor po finansii i ekonomija ili si nekoj nalbat. Pa i na obicnite laici mu e jasno vo vakvi globalni krizi koi ekonomski i finansiski merki se prevzemaat i kako se krojat budjetite. Ako ne znaete procitajte vo strucnite casopisi kako toa go pravat drugite zemji. Pa covece , zarem ne ti e jasno ili se pravis na " udren" deka ja vodis Makedonija vo finansiski bankrot i ekonomski krah
Од: Vasko
Датум: 11.12.2008 10:27:38
Imase edna pesna "Smejem se, a plakao bih" .Sto drugo da se kaze ?!
Од: do koga
Датум: 11.12.2008 11:04:55
Sto znaat tie od MMF!Tie mozat voda da im nosat na nasite strucnjaci Slaveski i Stavreski.Edniot vece si najde angazman vo vladata na Obama zosto znae da ja razresi nivnata kriza a drugiov velat za malku mu pobegnala od race Nobelovata nagrada za ekonomija.Gospode spasine od vakvi uceni ludje!
Од: Jas
Датум: 11.12.2008 13:08:33
Абе Рубин а посебно вие што уште не знаете кој се ММФ и ги подржавате, прочитајте ја книгата Confessions of an Economic Hit Man од John Perkins кој што долги години работел за нив и се ќе ви стане јасно кој се и што се и ММФ и Светската банка и УСАИД и ред други… http://www.democracynow.org/2004/11/9/confessions_of_an_economic_hit_man http://www.johnperkins.org/ http://www.economichitman.com/
Од: Koki
Датум: 11.12.2008 13:11:32
hahaha Ovoj ja pretera!!! Ova e nepismeno sustestvo!!! Glupak! uffff... kako me vadi od kontakt! Samo edno prasanje. Toj kako ekonomist bi trebalo da znae deka se vo zivotot (kako i vo ekonomijata) sto odi gore, paga i nadolu (zavisi so koj intenzitet). Koga negovata vlada ke pocni da paga (ne znam koga, no sigurno ke pocne), kaj ke odi ova malo i neugledno asistentce na Economski Fakultet!???

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Нови судири во Атина на денот на 24-часовниот генерален штрајк
Зденко
Претходен број
Ексраководството на „Телеком“ проневерило 4 милиони евра?
Експертите пак предупредуваат - дефицитот ќе донесе девалвација
Македонците крем на бугарското општество (3)
Бучковски на бришан простор
Пресудата одекна како политичка бомба
Процес што ќе влезе во аналите
„Бучим“ го затвора рудникот, дома си одат 500 рудари
Хрватската телевизија на столбот на срамот
Обвинетиот за убиствата во Охрид се обиде да се самоубие
„Шверц“ возење во ЈСП
Фискална експанзија
Карикатура
Вербатим