Обвинетиот за убиствата во Охрид се обиде да се самоубие
ОХРИД – Охриѓанецот Лазо Радески, осомничен за сериски убиства на тројца дилери на девизи се обидел да се самоубие во Истражниот затвор во Скопје. Како што дознаваме, Радески пред неколку дена испил поголема количина на антидепресиви, кои му ги препишал затворскиот лекар. Тој не бил однесен на токсикологија, туку бил згрижен во затворската амбуланта.
„Радески се уште се чувствува депресивно, поради што препорачавме да се одложи судењето во Охрид“, велат во истражниот затвор.
Судењето е презакажано за 22 декември, откако судот добил известување од затворот за нарушена здравствена состојба на Радески.
Според некои шпекулации, кои вчера можеа да се слушнат низ
На вчерашното продолжение на главниот претрес требаше да се сослушаат уште неколку сведоци и да се презентира извештајот од извршеното вештачење, а потоа да почне доказната постапка против Радески. (Х.Р.) |