Воздржана и студена реакција на СДСМ по судската пресуда против нивниот некогашен лидер
Соња Крамарска
Најголемата опозициска партија СДСМ, која се соочува со длабока криза во своите редови, од завчера носи уште еден товар. Нејзиниот некогашен партиски лидер и шеф на владата Владо Бучковски е осуден на затворска казна во времетраење од три и пол години.
Делото поради кое му се судеше на Бучковски е флоскула што стана синоним за владеењето на балканските политички елити по распадот на поранешна Југославија - злоупотреба на службено овластување. Многумина високи функционери во Македонија, и од левицата и од десницата, беа под сомневања за такво дело, но досега таква ригорозна санкција не стаса до ниту еден од врвната премиерска и претседателска лига.
Социјалдемократите на Бучковски, чиј лидер беше и тој во периодот од почетокот на 2005 година, па до крајот на 2006 година, ја дочекаа пресудата со неверба и со сомневања во непристрасноста на судот. Тие имаат причина повеќе за загриженост.
Нивната популарност меѓу граѓаните е два и пол пати помала отколку популарноста на ривалската партија ВМРО-ДПМНЕ, а во март 2009 година ги чекаат претседателски и локални избори. Како кулминација на се' е завчерашната судска пресуда за буџетска штета на Македонија од повеќе од два милиона евра, за која судот тврди дека еден од оние што ги влечеле конците е некогашниот прв човек на СДСМ и на владата Владо Бучковски.
Пресудата против Бучковски некои ќе ја поздрават, а некои ќе ја осудат или, кажано народски, од оваа пресуда некому ќе му се стемни, а некому ќе му се раздени.
Во неговата СДСМ работите околу поддршката на Бучковски стојат многу заплеткано. Партијата, чиј поранешен лидер со соочува со затворска казна, која ако се случи ќе биде преседан во историјата на македонското судство и во историјата на политичките односи во земјава, вчера не покажа преголема загриженост за пресудата.
Повеќе од јасно е дека на страна на Бучковски останаа многу малку поранешни пријатели и соработници од левицата. Односите со довчерашната партиска претседателка Радмила Шекеринска му се студени.
Сегашн��от лидер, пак, Зоран Заев, кој ја направи партиската кариера преку врските со Бучковски, се сврте кон Црвенковски откако помина низ слични обвинувања како Бучковски, кои ненадејно финишираа со аболиција од страна на шефот на државата.
Како круна на се', односите на Бучковски со својот некогашен пријател и партиски ментор Бранко Црвенковски, кој полека се враќа на кормилото на СДСМ, се на мошне ниско ниво. Црвенковски, имено, на завчерашната попладневна трибина во Велес одбил да ја прокоментира веста за затворската казна на Бучковски, која одекна како бомба во политичките кругови и меѓу партиското членство на социјалдемократите.
Довчерашниот партиски секретар Горан Минчев, актуелниот партиски секретар Игор Ивановски, старо-новиот партиски потпретседател Јани Макрадули се луѓето кои одамна му го свртеа грбот на Бучковски.
Единствена блиска до Бучковски моментно може да се смета новата партиска потпретседателка Магдалена Несторовска, поранешна службеничка во Министерството за одбрана додека беше таму министер Бучковски, но прашање на време е кога и таа поддршка ќе биде прекината со оглед на рамнодушноста на СДСМ кон некогашниот партиски лидер.
Бучковски, вчера, во изјава за новинарите, изнесе дека партискиот лидер Зоран Заев и генералниот секретар Игор Ивановски, веднаш по изрекувањето на судската пресуда, дошле во неговата канцеларија, но повеќе од очигледна беше млаката официјална партиска реакција на СДСМ, која е далеку од реална политичка поддршка што социјалдемократите се подготвени во овој момент да му ја испорачаат на екслидерот.
Џевад Адеми, поранешен висок партиски функционер на ДУИ, која порано коалицираше во владата на Бучковски, а сега е коалициски партнер во Владата на актуелниот премиер Никола Груевски, вчера плашливо ќе констатира пред новинарите: „Не е добро во пресрет на изборите да биде осуден на затворска казна висок функционер на опозицијата“.
Поентата на Адеми е дека во моменти кога Брисел бара интензивирање на политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата, случајот со судската пресуда против Бучковски ќе ги влоши односите меѓу Груевски и СДСМ и дека тоа може да биде увертира во несакани изблици на незадоволство на денот на изборите.
Владата и владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера се воздржаа од коментари за Бучковски, но повеќе од сигурно е дека тие сметаат на политички поени.
Министерството за внатрешни работи, не толку одамна, изнесе податоци за силна корупциска афера и против Зоран Заев во моментите кога тој беше доживуван на политичката сцена како лидер во најава на социјалдемократите.
Овој случај кој му нанесе штета на СДСМ заврши со аболиција на Заев од страна на Црвенковски, што отвори многу сомневања. Заедно со случувањата околу Бучковски, тоа се два силни одвоени удара кои СДСМ ги претрпе во изминатите шест месеци, но дали ќе ги преживее без поголеми последици останува да се види.
Malku mu se 3,5. Sve ispokrade i vo sdsm gi pribra site kriminalci. Site tie (okolu 20-25) sega se osudeni. Zar ne gleda nikoj deka od 2001 godina trosi kako lud i se fali po novinite za toa. Se spasivme od nego.
Од: razocaran demokrat
Датум: 11.12.2008 02:15:12
prvo, mnogu me razocara reakcijata na sdsm - so pola usta i reda radi. znaci pamet ne im ide. vtoro , me zgrozija reakciite na stalnite "musterii" na bumbarkata koi gladni za krv voskliknuvaa dur u avstralija znaele dali e kriv buckovski. ima situacija znaci koga nacalnik na generalstab i premier koj spreci vojna 2001 da se soocat so zatvor a dzemaili, ljubco, staninov, dalavera da se setaat. e jaki patriotcinja stvarno
Од: kako neopredelen presudata NISTO ne mi znaci zosto znam deka e montirana
Датум: 11.12.2008 03:56:55
Ne deka covekot e kriv tuku se raboti za politicka presmetka. So vakvi montirani presudi i apsenja VMRO-DPMNE samo saka da si go kreva rejtingot za koj vo idno vreme skapo ke go plati zosto niedna vlast ne e vecna pa nema da bidat ni tie i razborlivo e deka utre-zadutre i Gruevski ke ja dozivee istata sudbina kako sega Buckovski. Jasno ni e na nas narodot deka vo sekoja Vlada imase lopovluk a nieden od VMRO ne e osuden sto toa jasno govori deka ovaa vlada apsi i im sudi ISKLJUCIVO na SDSMOVCI. Da se potsetime na KUP VMROVSKI LOPOVI koj i denes se vo vlasta a NIKOGAS ne im se presudilo, a da ne govoram za lopovite vo Vladata na Georgievski. Gruevski sudi zatoa sto e na vlast a utre koga drugi ke dojdat togas nego i na negovite ke im presudat. Gruevski e svesen deka rejtingot mu paga pa ova e nacin kako da opstane na vlast.
Од: Slavco
Датум: 11.12.2008 06:17:00
Neznam kako da recam novinarke ama mnogu dzgan se nasobra okolu SDSM.Narodot e lut sto go sogolija do koska i go ostavija na ulica a tie se vozat so besni avtomobili,preku nok stanaa biznismeni,letuvanja vo Antalija,Kusha Dasi,Egipet,Spanija-a nie obicnive smrtnici ne mozime da si priushtime ni do Ohrid da odime.Kade otidoa 2-3 milijardi evra od privatizacijata???Site kradat-da ne bideme naivni-megjutoa ovie o SDSM ja preteraa.A narodecot za zal sekogas go izvlekuva podebeliot kraj.Zaev,Buckovski,abolicijata,osloboduvanjeto na kriminalci i nasilnici-e pa dosta bese.A gi ima uste mnogu.Ljubco Georgievski-golem kriminalec-ama neznam dali ovaa gnida ke bide osudena,Buzlevski i tn.Za zal selektivnosta e porazitelna okolnost na Grujceta.Megjutoa licno mislam deka protiv gnidata Georgievski i Buzlevski treba vednas da bidat pokranati obvinenija-za goolem kriminal!!!
Од: ljupco,bitola
Датум: 11.12.2008 07:05:58
Odlicna analiza na sostojbite vo sdsm,sosem realna.Poranesen premier osuden na robija,toa nosi ndgativni poeni na drzavata,tocno.Ama vreme bese od nekade da se pocne,dosta bese kradenje bez nikakva odgovornost
Од: Iko
Датум: 11.12.2008 07:40:11
Ne bilo dobro pred izborite da se osudel visok funkcioner na opozicijata!!!??? Mozele da se vlosat odnosite pomegju Gruevski i SDSM!!!??? Pogolema glupost od ovie "mudrosti" na Ademi odamna ne sum procital. Zarem visokite funkcioneri ne treba da se sudat ili pak sudot treba da ceka da pominat izborite???
Од: zabegan
Датум: 11.12.2008 08:50:24
se cudam i edinstveno kade moze da se iznese nesto od obicniot covek e UTRINSKI za toa sekoja vi cest .se raboti za slednovo.vcera go gleam SITEL I BUMBARKATA .kako ne im e sram kako lesinari se odma ja kometirat politickata presuda na G.BUCKOSKI .prvo za istiot presdata neje konecna,treba da odi na apelacia da se potvrdi ili otfrli .no kako i da e treba barem malku covecko da ima vo urednickata politika na SITEL . ne da go branam BUCKA nesum mu advokat .no mislam ne treba tolku zloba da ima kaj nsiov narod.
Од: Скопјанец
Датум: 11.12.2008 09:33:40
Тешки денови за Бучковски. Чувствува дека нема силен политички грб, дека неговата партија го манифестира партискиот код на меѓусебни внатрепартиски подметнувања во борбата за повисоки партиски позиции, код кој кај некои СДСМ-овски челници значи и т.н. ситење со маките на партискиот колега и доскорашен претседател. Виновен е и самиот Бучковски, се повикува на право и на правдина, а од Собраниската говорница пред неколку месеци јавно зборуваше дека ако само шест месеци биде министер за внатрешни работи, ќе ги апси: и мистер тендер и целиот прв ВМРО-вски ред во Собранието. Значи и Бучковски е подготвен да применува политички а не правни потези.
Од: veren citatel
Датум: 11.12.2008 10:59:52
Ne treba da lezat vo zatvor, no treba da si vratat toa sto si zemale. Narodot fakt e deka e ograbuvan od site vladi do sega. Sto se odnesuva do Buckovski, ova mu e kazna od Gospod za ona sto i go napravi na Makedonija so teritorijalnata podelba. Inaku Imaa sansi i SDSM da osudat nekogo naprimer Ljubco Georgievski kogo zdusno go napagaa vo predizborieto , no se zdruzija so nego i go zastitija sega negovite greovi mu gi pripisuvaat na Gruevski.
Од: milco
Датум: 11.12.2008 11:37:11
citam komentari politicki montiran,revansizam itn.
pa na kogu mu smeta pa da se plasi o g.buckoski
osven na sdsm.
sega eden od clenovite ke odi edno mesto pogore i toa preku red.
a kolkuse naprsti mozes da gi izbroes i plus nekoj zabegan celosno.
Од: Olivera-ohrid
Датум: 11.12.2008 11:49:40
Idninata ke pokaze dali presudata e pravedna i pravicna? no edno e sigurno, so zastanuvanje na celo na SDSM zaradi Buckovski, pocna najgolemiot odliv na clenovi na SDSM- formiranje na novi partii od odbegnatoto clenstvo, sigurno toa go znae i CO i Zaev, site clenovi koi bea nadvor od negoviot fokus?!
Од: lili
Датум: 11.12.2008 11:58:43
se slozuvam so zabegan za nivoto na televizija Sitel koja e glasilo na vladata.Osobeno emisijata bumbar so izborot na temite
Од: objektiven
Датум: 11.12.2008 13:05:10
Kako neopredelen mozam da potsetam samo deka i Buckovski otpustase od rabota po partiski kluc , pa sega tie sto gi otpusti mozebi i ke zaplacat. Duri pravese dil i so privatni firmi , a se so cel da gi nacuka svoite partiski vojnici vo tie firmi. Na primer imase dogovor so eden privaten gazda za sekoi dvajca isterani rabotnici da se vrabotuva po eden od jurisnicite na sdsm, a sega covekot bara pravda.
Од: OKTA
Датум: 11.12.2008 14:43:06
Zoshto nikoj ne prasha KOGA kje mu se sudi na Gruevski za OKTA?