Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Политика

Функционери на ДУИ во кодошка мрежа

Почна да се остварува најавата за улична лустрација. Документите за кодошењето сега почнаа да се фрлаат во дворови

Светлана Унковска


Универзитетскиот професор на ДУТ, Шпенд Љуши, вчера до Комисијата за лустрација достави папки со документи за функционери на ДУИ за кои се тврди дека, наводно, биле соработници со тајните служби. Станува збор за тројца високи партиски личности од кои едниот е пратеник, а другиот министер од актуелниот состав. И двајцата се од кичевско Зајас, додека третиот, висок партиски функционер по потекло од Дебар, е поранешен пратеник и екска��дидат на претседателските избори. Од партијата на Ахмети вчера категорично ги отфрлија ваквите обвиненија, додека лустраторите најавија дека повторно ќе ја отворат процедурата за проверка на функционерите.

„Со тоа што ги предадов трите досиеја до Комисијата за лустрација јас ја завршив својата граѓанска должност. Документите ги најдов фрлени во дворот. Ги отворив и видов дека станува збор за високи функционери од власта. Тројца се, само Албанци“, изјави професорот од Тетово, Љуши, откако им ги предаде папките на лустраторите.

Професорот Љуши, кој првично се претстави само како граѓанин од Тетово, тврди дека трите досиеја со класифицирани документи ги нашол фрлени во својот двор. Кога ги отворил видел дека дебелите досиеја се однесуваат на тројца функционери на ДУИ, кои биле водени под псевдоними. Досието на пратеникот било водено под името „Вујко“, на министерот „Мама“, а на поранешниот пратеник е заведено под псевдонимот „Стрелец“, за кого се тврди дека бил во контакти и со КОС.

Документите се однесувале за периодот од 80-тите години до 90-тите години како соработници со тајните служби на поранешна Југославија, односно со тогашната Служба за државна безбедност. Наводно, во досиејата постоеле и признаници за примени пари, документи адресирани до поранешни високи југословенски функционери и раководители на тајните служби. Постојат и документи дека биле уфрлени како кодоши меѓу албанската емиграција во Швајцарија и во Германија, за кое неколку пати примиле парични средства од 2.500 германски марки, 4.500 швајцарски франци и 40.000 швајцарски шилинзи.

Во Комисијата вчера беа изненадени и не знаеја како ќе постапуваат со новите докази, бидејќи процедурата за лустрација на функционерите веќе е завршена. Претседателот на Комисијата, Томе Аџиев, рече оти деновиве ќе го разгледаат Законот, но тој е убеден дека доколку информациите се веродостојни, повторно ќе ја отворат постапка за лустрирање на функционерите.

„Ова е прв пат трето лице, во согласност со Законот, да ни достави некакви документи. Досиејата се архивирани, ќе ги разгледаме и ќе видиме како ќе постапуваме по нив. Само тоа можам да кажам“, изјави првиот лустратор Аџиев.

Од ДУИ вчера ги отфрлија обвинувањата за постоење документи дека нивни високи партиски функционери биле соработници со тајните служби и сето ова го оценија како блеф на ДПА. Извори од партијата на Ахмети тврдат дека доставителот на документите е брат на пратеничката на ДПА, Садие Илјази“, инаку, сопруга на претседателот на тетовскиот разгранок на ДПА.

„Фактот дека пред Комисијата се појавува некој граѓанин и претендира оти поседува веродостојни информации за соработници со тајните служби докажува дека станува збор за чист блеф. Се прашуваме кое е ова лице, кое поседува документи и колку тие купови хартија можат да бидат кредибилни. Ова што се случи уште еднаш покажува дека нашиот политички опонент ДПА е решена лустрацијата да ја претвори во битка за дискредитирање на Албанците“, реагираше вчера пратеникот на ДУИ, Сафет Незири.

Засега Комисијата за лустрација има донесено само една одлука за соработка на функционер со тајните служби, која се' уште не е конечна. Претседателот на Уставен суд, Трендафил Ивановски, ја оспори одлуката пред Управниот суд, тврдејќи дека е направен упад во неговото досие, односно оти недостасуваат четири страници, но и тоа дека некои документи се фотокопија, иако во тоа време не постоеле фотокопири. Директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски, вели дека ваквите обвинувања се неосновани и оти севкупната документација во досиејата се преземени од МВР и ниту едно од нив не е „прочистувано“.

„Одговорно тврдам дека ниту едно досие не е ниту дополнувано ниту оттаму се вадени документи. Во Архивот има илјадници досиеја, кои се преземени од МВР, а каква било интервенција во нив е кривично дело кое, според закон, е казниво со затворска казна. Судијата и неговиот адвокат обвинуваат преку медиуми, но тој не дошол лично да го види своето досие“, тврди Тодоровски. За обвинувањата на Ивановски дека му се уфрлени документи што биле фотокопии, иако во 60-тите не постоел фотокопир, директорот Тодоровски објаснува дека тоа се фотокопии направени по барање на Комисијата за лустрација и фактички тој ги видел тие копии, но тврди дека оригиналите се кај нив.

„Затоа тој требаше да дојде и да види што има негово досие, а документите кои и' се доставени на Комисијата за лустрација се фотокопии за нивните потреби“, вели Тодоровски.

Од Ком��сијата за лустрација, исто така, ги отфрлаат обвинувањата на судијата Ивановски дека тие не си ја завршиле работата како што треба.

„Според Законот, Комисијата не може да ги проверува фактите во досиејата, туку тоа самиот Ивановски може да го бара на суд. Затоа и ние донесовме одлука дека тој може да се жали на суд, а не донесовме конечна одлука. Бидејќи Комисијата нема законска можност да ја утврдува веродостојноста на досиејата, откако судијата изрази сомневање, оставивме можност тој да се жали на суд и да докажува дали му е ’фабрикувано’ досието“, вели Чедо Дамјановски, член на Комисијата. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 1642 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 15.10.2010 13:06:30
Doprva ke se "frlaat" dosiea i po dvorovi i na ulica i po podrumi, tavani,........ Od nekade mora da se pocne i da se razotkrie ovaa mreza vo koja e zapletkana cela drzava.
Од: Trimi
Датум: 15.10.2010 13:31:33
Da, da, ke ima dosija po dvorovi, no toa e od pricina sto drzavata odnosno komisijata za lustracija ne si ja vrshi svojata zakonska obvrska t.e. otkrivanje na site kodoshi. Partiite vo Vladata se dogovorile da gi cuvaat kodosite vo svoite redovi i da gi napadjaat sudiite. Sto se odnesuva do DUI ta treba partijata da ja cisti od spiuni, pa i da se vo vrvot na partijata. Fazli Veliu, Musa Xhaferri, Xhevat Ademi i Gezim Ostreni povekje ne treba da se bavat so politika, sorabotuvale so UDBA, treba da se povlecat od javniot zivot. So samoto povlekuvanje na ovie kodosi od politickiot zivot ke ima nekakva pravda za zrtvite od poranesniot sistem.
Од: Vuk
Датум: 15.10.2010 15:11:27
Sto e lustracija vo Makedonska smisla na situacijata. Sekoj eden vo dadeniot moment koj mu se pruzil i istiot so dvete race go iskoristil a bil na golema steta (ponekogas i po cena na zivotot) na kodoseniot za svoi licni celi. Cistenjeto na djubreto koe so decenii se naodjase "pod tepih" pocnuva da zadava GOLEMA SRDEA. Za licata koi se posoceni vo dosiejata go iskoristija momentot na slabost vo Makedonskata drzava i potpomognati od nadvor (vo pari, oruzje, organizacija i otvorena politicka podrska) se izborija za ponovni svoi licni celi.
Од: Веиз
Датум: 15.10.2010 15:42:19
Играјтеси со нас народот лустрација?ХМ?Ги молам сите нека водат сметка за економија поголем стандард и плати и помалку социјалци другото се ке си дојде на своје место!
Од: Trpe
Датум: 15.10.2010 18:10:37
И со лустрацијата оваа импровизаторска влада направи циркус. Лустрацијата е замислена за изнаоѓање на кодошите и соочување со самите жртви од нивното кодошење. Кај нас ПАСТИРОТ и неа ја претвори во циркус, од толку функционер само Ивановски кодош. Каде се неговите пуленчиња со својте ТВ кој влегоа во коалиција, зашто нив не ги провери или пак не е битно. П.С. За крај да порачам на сегашните кодошчиња кој се вгнездија во секоја пора на институциите, за вас ќе нема Лустрација, туку нешто подруг
Од: avstralianec
Датум: 16.10.2010 01:15:26
Sto vi e be narode, kakvi kodosi kakov bakrac. Vo Mak. kodosi? Ne, toa ne e mozno. Makedonec kodos? nikako. Ke vidite i komisijata za lustracija ke go potvrdi toa na krajot od nivnata rabta.
Од: makedonec
Датум: 16.10.2010 01:45:16
abe kodosi jaka rabota oni teroristi bea pa se pomiria u parlament gi staija a pa sega kodosi golema rabota
Од: Crn pojas
Датум: 16.10.2010 02:47:55
Ako e tri od DUI kolku ke bidat od SDSM.
Од: lustrator
Датум: 16.10.2010 09:38:48
grujco go interesira kodosot ivanovski drugite nese kodosi ama branko crvenkovski doleta po dvorovite kako strkot sto nosi deca i gi ostavi doseata ajde bicikla toj so beloto pramence ne e kodos i dujcinata ne se kodosi tuku borci za covekovi prava ama srbite imaat izraeka gde burgija ne busi para buci

Најди! во Утрински
Политика
Обвинителството нема докази за „Телеком“
Срѓан Керим во работна посета на Кина
Политичари даруваа крв и храна
Судскиот совет ги стопира изборот и разрешувањето судии
Заболените бели дробови се откриваат доцна
Со претстава ќе се јакне свеста за дискриминацијата






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia