Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Политика

Заболените бели дробови се откриваат доцна

Болните не се ни свесни дека имаат проблем со белите дробови додека не им се влоши состојбата

Јасмина Јовановска

Болестите на дишните патишта се во постојан пораст, а многу од болните и не знаат дека имаат заболени бели дробови. Пулмолозите велат дека респираторните заболувања се дијагностицираат многу доцна кога болеста зела замав, бидејќи заболените бели дробови во почетокот не даваат тешки здравствени проблеми.

„Болните не се ни свесни дека имаат проблем со белите дробови додека не им се влоши состојбата“, укажува пулмологот д-р Бранислав Геровски. Така, јака настинка или, пак, бронхитис може да испровоцираат некое од белодробните заболувања, како што е астма или ХОББ.

По еден тежок бронхит, астмата ја добил и текстилниот работник Гоце Петрески. Тој е астматичар веќе седум години. „Болеста ја контролирам со спрејовите, но понекогаш ми е тешко да го завршам работниот ден до крај “, додава Петрески, кој смета дека фабриката „Макпримат“ каде што работи, има добри услови за работа. Компанијата има филтри, а вработените по потреба носат и заштитни маски.

За навреме да се дијагностицира болеста, пулмолозите решија болните да ги бараат на терен. Преку акции на мерење на функцијата на белите дробови, пулмолозите случајно ќе откриваат кои од лицата се потенцијални кандидати да заболат од болести на дишните патишта. Една таква акција, по повод Светскиот ден на борбата против белодробните заболувања, вчера беше организирана и во фабриката „Макпримат“ во Скопје меѓу текстилните работици како ризик-група за белодробни заболувања.

„Место да чекаме пациентите да дојдат на клиника, ние ќе ги откриваме директно на терен. На овој начин сакаме да ја подигнеме свеста за сериозноста на белоробните заболување и колку е важно рано да се откријат“, вели д-р Бисера Ќаева, директорка на Клиниката за пулмологија во Скопје. За да се види дали има некој проблем со белите дробови, според д-р Ќаева, доволно е да се направи спирометријата со што како скрининг-тест може да се утврдат кои било аномалии на белите дробови. Доколку има отстапувања, лицата ќе бидат испратени на дополнителни испитувања на клиниката за да може болеста рано да се утврди. Македонските пулмолози, по примерот на европските, ќе поведат иницијатива спирометријата да стане составен дел од рутинските тестови. „Како што се прави крвна слика, така да се прави и спирометрија. Само така ќе може рано да се откријат болестите на дишните патишта“, додава д-р Ќаева.

Во акцијата во „Макпримат“ биле прегледани 57 лица, од кои кај седум биле откриени отстапувања во спирометријата и пратени се на дополнителни испитувања.

Белодробните болести, според пулмолозите, најчесто ги напаѓаат помладите, но и постарите лица, оние со намален имунитет, како и посиромашните лица. Аерозагадувањето, како и пушењето се главните ризик фактори за појавата на респираторните заболувања.

„Подолго време ми свират градите, бев на испитување и ништо не ми најдоа. Сега направив спирометрија и добра ми е функцијата на белите дробови. Работам на машина за шиење и нема да се откажам од натамошни контроли додека не се утврди зошто имам проблеми со градите“, вели една работничка од „Макпримат“.

Белодробните заболувања според процентот на раширеност се веднаш зад кардиоваскуларните болести. Повеќе од 13 милиони лица во светот страдаат од некоја болест на дишните патишта. Кај нас има околу 100.000 астматичари и околу 80.000 болни со ХОББ. Пушењето, пак, секоја година убива по околу 650.000 лица само во земјите на ЕУ.


#
Статијата е прочитана 752 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Функционери на ДУИ во кодошка мрежа
Обвинителството нема докази за „Телеком“
Срѓан Керим во работна посета на Кина
Политичари даруваа крв и храна
Судскиот совет ги стопира изборот и разрешувањето судии
Со претстава ќе се јакне свеста за дискриминацијата






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy