Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Политика

Со претстава ќе се јакне свеста за дискриминацијата

„Исти на различен начин“ е насловот на театарската претстава што има цел да посочи на сите облици на дискриминација и на можностите за заштита од неа. Претставата е по текст на Венко Андоновски, а во режија на Наташа Поплавска и е дел од проектот за поддршка на институцијата народен правобранител од страна на шведската Меѓународна агенција за развој - СИДА.

„Запознавањето на граѓаните со формите во кои може да се јават дискриминацијата и начинот на кој можат тие да се заштитат е можеби еден од најважните елементи во борбата со неа. Многумина од нив не се свесни дека се жртви на оваа мошне сериозна повреда на човековите права, а понекогаш им не��остасува храброст да ја пријават. Претставата треба да придонесе за зајакнување на свеста на граѓаните за дискриминација, но и на оние што одлучуваат за заштитата на нивните права“, рече народниот правобранител, Иџет Мемети, на вчерашната прес-конференција на која беше промовирана претставата. Тој истакна дека мал број граѓани поднесуваат претставки по основа на дискриминација, но потенцира дека тоа не значи оти појавата ја нема во општеството во поголеми размери.

Мемети се надева оти пораката на сите граѓани ќе биде коректно разбрана и ќе придонесе во процесот градење хумани и цивилизациски правила на однесување и свесност за потребата од почитување на различностите. Авторот на текстот Венко Андоновски смета дека дискриминацијата е тема присутна во поголемиот број светски книжевни дела. Според него, различниот не значи нужно непријател. Режисерот на текстот Поплавска истакна дека било предизвик за неа да режира претстава на оваа тема и оти во одредени сцени се нашла и себеси во многу ситуации во кои и не знаејќи дискриминирала и била дискриминирана. Во „Исти на различен начин“ играат Сашко Коцев, Нина Дејан, Зиба Радончич, Емра Куртишова и Бесфорт Идризи. Дизајнот на сцената и костумите се на Емил Петров. Премиерата на претставата ќе биде во понеделник. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 250 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Функционери на ДУИ во кодошка мрежа
Обвинителството нема докази за „Телеком“
Срѓан Керим во работна посета на Кина
Политичари даруваа крв и храна
Судскиот совет ги стопира изборот и разрешувањето судии
Заболените бели дробови се откриваат доцна






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy