Срѓан Керим во работна посета на Кина
Во рамките на работната посета на Кина, каде што престојува по покана на кинеската влада, генералниот директор на „Медија принт Македонија“, Срѓан Керим, имаше средба со првиот човек на кинеската медиумска индустрија и информатика, Лиу Јунсхан, кој истовремено е член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина. Се разговараше за улогата на медиумите во модерното општество, односот меѓу глобализацијата и развојот на медиумската индустрија, како и соработката на развиените индустриски земји со земјите во развој во сферата на комуникациските и информатичките технологии.
Во рамките на Министерскиот форум, со учество на 17 земји од четири континенти, Керим одржа предавање на тема „Улогата на медиумите во современиот свет“. (Н.Р.) |