Број 3298  петок, 04 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Се собира целата македонска дијаспора

Под мотото „Градење партнерства“ во Торонто, Канада, денеска почнува четиридневната Втора глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора.

На конференцијата на која ќе учествуваат над 1.000 делегати од 25 држави од пет континенти ќе се расправа за економијата, глобалната економска криза, за инвестициите во Македонија, подобрувањето на билатералните односи, човековите права на етничките Македонци на Балканот, остварувањето партнерства, како и за туристичките можности што ги нуди земјата.

Како што е најавено, на конференцијата како почесен гостин ќе присуствува и премиерот на Канада, Стивен Харпер, како и министерот за имиграција и мултикултурализам Џејсон Кени. Меѓу учесниците на собирот ќе бидат и архимандритот Никодим Царкњас, активист за човековите права на Македонците во Грција, и Едмонд Темелко, единствениот Македонец градоначалник во Албанија.

ОМД на конференцијата ќе ја додели и животната награда на Џон Битов, бизнисмен и филантроп.

Собирот ќе биде проследен и со низа културни настани, меѓу кои и настап на групата „Синтезис“, а ќе биде прикажан и филмот на исландско-норвешкиот режисер Сигурјон Еинарсон „Името си е име“.

Првата конститутивна конференција на ОМД се одржа лани во Вашингтон на тема „Патот напред“, кога беше направен осврт на предизвиците за Република Македонија и за Македонците на глобално ниво во 21 век. (MИA)


#
Статијата е прочитана 2263 пати.

Испрати коментар

Од: Zane
Датум: 04.06.2010 00:39:49
Bravo za UMD, edinstvena organizacija na makedonskata dijaspora, koja iskreno i nesebicno ja pretstavuva Makedonija vo svetot. Licno gi poznavam lugjeto koi se vo vrvot na OMD, i znam kolku se trudat i uspevaat da go porenesat ubaviot glas za Makedonija.
Од: dr.minev
Датум: 04.06.2010 08:37:22
Kusa informacija.Makedonskite aktivisti vo Evropa isto taka pravat napori kako demondtraciite vo devedesettite godini na minatiot vek vo ovaa godina da napravat takov sobir i da gi podrzat nasite brakja od preku okeani. Vremeto nalaga site i nadvor i vnatre vo tatkovinata da go branime makedonskoto ime, DA NE ZAGINE.
Од: Aнгел
Датум: 04.06.2010 08:50:21
Само луге што знаат што е Македонија се гордеат со оваа конференција и со овие луге херои. Треба секој да знае дека пред неполни 100 г македонски народ имало повеке и од Срби и од Грци. Нд македонскиот народ е извршен егзодус. Само во Грција и Бугарија има четири милони луге со македонско потекло.
Од: MAKEDONEC
Датум: 04.06.2010 09:19:08
Kako sto se gleda najubavo Makedonija ja prestavuvaat Makedoncite vo diasporata.Mozebi e najdobro da se zivee nadvor od Makedonija i da se osekas makedonec vo prav smisol kako ovie vo Kanada Avstralija i SAD. Koj znae za nekoja godina mozebi ke bideme site makedoncite vo dijasporata??????
Од: Aleksandar
Датум: 04.06.2010 10:47:16
Netraba da odis vo crkva, za da veruvas vo Gospod nosigo vo Srceto. Netrabas da zivees vo Makedonija , da bides i ostanes Makedonec, seto toa sto sme i ne oblikuva za Makedonci nosigo ponosno vo Dusata !
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 04.06.2010 11:05:16
Како што почнало се полошо и полошо,младиве што е најстрашно ќе станат дијаспора а Македонија ќе остане држава на старци и влада( таа навистина ќе биде од деца). Овде ќе се делиме а надвор ќе се обединуваме? Овие делби - дали се поради римското - подели па владеј???
Од: PATRIOT
Датум: 04.06.2010 12:14:43
samo vaka ke ja obnovime nasata majka MAKEDONIJA.SEKOJA CEST I SAMO NAPRED
Од: makedonce
Датум: 04.06.2010 12:26:30
treba da se znae nee sudbina sto ima poveke makedonci nadvor od makedonija,taa vestacki nametnata sudbina se so cel da se unisti jadroto a posle e lesno makedonija da se izbrisi kako poim,samo edno me cudi vo sosednite zemji imame makedonci koi se brojat so stotici iljadi kako albanija , milioni vo bugarija , milioni vo grcija stotici iljadi vo srbija ama kadee glasot na tie makedonci ne mozat da soberat 5000 potpisi dfa formiraat partija ....zalno (samounistuvanje)
Од: analfabet
Датум: 04.06.2010 14:45:59
Abre angelu!Pred 100.000 godini imalo poveke makedonci odkolku kinezi.E tokmu vakvite "mozoci" se nasiot najgolem problem.

Најди! во Утрински
Политика
Поскапо лекување во болница?
Игри без граници со малцинските пратеници
Осомничениот за педофилија од ОБСЕ си заминал во Норвешка
Хуманитарците на прегледи во Истанбул
Борците на средба со Коњановски
Доктор од Тетово загина во Албанија
Повторно блокиран центарот на Скопје
Стечајците бараат помош од Црвенковски
Турскиот амбасадор изнесе детали за Газа