Турција останува верен поддржувач на Република Македонија за членство во НАТО и во ЕУ, како и во однос на спорот за името затоа што смета дека не само Македонија, туку секоја земја има право да се нарекува како што сака, изјави вчера турскиот амбасадор на заминување во земјава, Арслан Хакан Окчал, пред собраниската Комисија за надворешни работи. Според Окчал, земјите не се ценат според големината, туку според меѓународната улога, а Турција верува во улогата на Македонија на Балканот и во Европа.
Турскиот амбасадор во своето проштално обраќање презентира и детали од инцидентот со хуманитарниот конвој за Газа што се случи во понеделникот во водите на Средоземното Море. Според информациите со кои располага, сите уапсени од околу 600 лица што се наоѓаа на бродовите од конвојот се ослободени и го напуштиле Израел, освен повредените чија здравствена состојба не дозволува транспорт. Тој укажа и на сите дипломатски мерки што ги презеде Турција, како и на декларациите од ОН и други меѓународни тела со осуда за инцидентот и за поведување непристрасна истрага за утврдување на виновниците. Според него, турската влада и парламентот се оние што ќе одлучуваат за евентуална промена на надворешната политика на Турција кон Израел. Окчал притоа истакна дека антисемитизмот не е дел од турската култура, туку напротив потсети дека Турција била прва муслиманска држава која го призна Израел.
Собраниската Комисија за надворешни работи, од своја страна, констатира дека е неопходно да се почитуваат конвенциите за човекови права, при што осуди секаков вид насилство и се заложи државите да го изберат дијалогот како средство за решавање на проблемите. Беше изразено жалење за инцидентот што однесе човечки животи и влијаеше врз мирот во светот. (МИА)
I sto fajde sto Turcija ja poddrzuvala Makedonija??? Do kade stigna Makedonija? I so vasata i bez vasata poddrska nie ostanavme isto. Izolirani, siromaski, vnatresni i nadevoresni neprijateli poveke od prijateli...... a na pomosta Efendi.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 04.06.2010 11:28:45
Ја знаете онаа народната - помогни си за да и Господ ти помогне.Ние со сила си одмогнуваме и бараме оправдувања за секоја наша глупост.А и оние од надвор, та нели тие излегле за да си помогнат ( економски најчесто).Што не останале во овие уботии тука.А некои и дојдоа дури и за министи и ни потрошија бајаги пари за да ја за**рат работата и да си ја дувнат.Од надвор солење памет е многу лесно. А и децава на власт мислеа така се гради држава но знаеле како се кради а не како се гради.
Од: неутрално-пристрасен
Датум: 04.06.2010 12:35:35
Битно е немоќното да закрепне низ инкубаторот,после самото нека се снаоѓа.Така не учеа старите,за да неочекува цел живот некој да го носи на раце.А пченката.Далеку е Сиднеј,брат.Додека стигне ние ќе поцркаме.Зошто не одбираш да имаш повеќе пријатели,туку да селектираш.Толку ли ги имаш?.Бравос.Каде се тие,мајкому,па да ја тргнат настрана.Изгледа тие не даваат леб,само ум.А до каде стигнавме со него,се гледа.