Број 3298  петок, 04 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Поскапо лекување во болница?

Партиципацијата може да се зголеми до 50 отсто

Јасмина Јовановска

Здравствените власти размислуваат да ја зголемат партиципацијата, со што пациентите ќе учествуваат со повеќе пари во цената на здравствени услуги за лекување во болница и во клиника. Овој предлог се подготвува во Министерството за здравство и со него се предвидува партиципацијата да се зголеми и до 50 отсто за одредени медицински третмани.

Така, за лекување на забите во специјалистичка установа или клиника, како што дознаваме, се предлага пациентите да плаќаат и до 50 отсто партиципација. Слично учество се предлага и за медицинските помагала, додека за медицинската рехабилитација се размислува за тоа болниот да учествува со 30 отсто.

Овие партиципации се дел од новата скалеста партиципација за секундарно и за терциерно здравство на која работи заедничка група од Министерството и од Фондот за здравство и која, според неофицијални информации, како предлог до Владата треба да дојде најдоцна до 15 јули.

Предлогот, кој е многу близок до хрватскиот модел, предвидува партиципацијата за болнички и за клинички услуги да се подели во неколку категории и пакети според тоа дали услугите се на ниво на болница или на клиника, како и според вредноста на услугата, слично на скалестата партиципација што сега ја има во болниците и за лековите.
Разликата меѓу цената што ја покрива Фондот и полната цена на услугата, како и досега, ќе ја плаќа пациентот или, пак, ќе биде покриено со дополнителното здравствено осигурување, кое ќе биде новина.

Ова значи дека зголемената партиципација пациентите ќе ја плаќаат од свој џеб или со дополнително осигурување што, секако, ќе биде дополнителен трошок за осигурениците, кои покрај редовниот здравствен придонес ќе плаќаат и за осигурување.

Според доброупатени извори, здравствените власти се одлучиле за зголемување на партиципацијата за да се избегне кратењето на основниот пакет здравствени услуги, што беше првична солуција. Но, според овие извори, зголемувањето на партиципацијата сигурно е дополнителна мерка за спас на Фондот за здравствено осигурување од финансиската криза во која западна.

Во Министерството за здравство потврдуваат дека работат на измените на парти��ипацијата и пакетот на здравствени услуги и оти во игра се повеќе предлог-решенија, но не сакаат да ги откријат додека не се дефинираат. И министерот за здравство Бујар Османи не сакаше да открие детали од измените, но потврди дека веќе една година се размислува за тоа прашање и се разгледуваат повеќе различни модели. „Во моментов кај нас сите здравствени услуги се опфатени, вклучително и лекување во странство. Нема земја во светот која може да ги покрие сите здравствени услуги за сите. Тоа е проблем со кој ќе мора да се соочи државата. Тоа го направија земјите во регионот, Словенија, Хрватска, па мора и ние“, посочи Османи и додаде дека ова прашање треба да се реши со консензус.

Засега не се открива по кој модел ќе се ревидираат пакетот и партиципацијата, но како пример Османи го посочи хрватскиот модел, според кој, здравствените услуги се групирани во категории и според тоа во која припаѓаат тие, целосно или делумно, се покриваат од Фондот за здравство. Па, така има група услуги што Фондот ги покрива со 85 отсто, со 70 отсто, со 65 отсто. Разликата до полната цена на услугата ја плаќа пациентот или, пак, дополнителното здравствено осигурување.

И во Фондот за здравствено осигурување не беа расположени за откривање детали, но велат дека скалестата партиципација за болнички услуги ќе почне да се применува откако ќе се воведе дополнителното здравствено осигурување. (Ј.Ј.)

 


#
Статијата е прочитана 1878 пати.

Испрати коментар

Од: marina
Датум: 04.06.2010 00:13:05
vmro poleka no sigurno negi krie pov zabite drmr napravi 30%-50%participacija pa toa li e besplatno zdravstvo pa vo koja zemja vo eu go ima toa?hvatski model pa sto ne zemete germanski model ili bugarski ili romanski ova znaci smrt na edna nacija malku nemame rabota pari pa i ako nemas da se lecis umre abe se narod ce pobega od mak toa li e patriotizam?
Од: Трпе
Датум: 04.06.2010 00:41:23
Коцкарските блефови на нашиот ни мистер мр Рејтинг,мора народот да ги плака.Но кога тогаш,самиот ке мора да си ги плати.Прочитан е веќе.Народот се буди од комата која му е предизвикана на вештачки начин.Иако реаниматорите ке имат многу работа.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 04.06.2010 02:31:01
Нека не даваат услуги ама во ништо, нека го штават народот а тој нека пропдолжи да ги подржува во растурањето на државата.Ова е срамно што ни се случува.Истиве плукаат по се што било убаво во минатиот систем за ги укинат хуманите, социјални и сите демократски придобиски од тоа време.Сега ќе може да се бањаат болните во загадените води на Вардар. Има ли овде некој им?Го ограбија народот.
Од: Богатиот и сиромавиот
Датум: 04.06.2010 05:40:36
Како што тргнале, во некоја скорешна иднина ќе си плаќаме се. Од некогашната СФРЈ кога се беше бесплатно, и лекувањето и лековите, па следеше воведување партиципација, па доплата за лекови, па сега зголемување на партиципацијата за некои услуги, и понатаму до каде? До плаќање на целиот износ за лекување? Само сакам да знам што ќе прават тие што немаат пари. Не е тоа нешто што не мораат да си го купат, како облека, книги и сл, туку треба да трпат болки и не дај Боже некој и да почине затоа што нема пари да плати. До кое дереџе дојдовме.
Од: Pake
Датум: 04.06.2010 08:26:24
Нели пред 4 години велеа дека ќе имаме бесплатно здравство?
Од: Dr.Ustaven
Датум: 04.06.2010 08:48:36
Taka e vo Evropa neli i Amerika po se izgleda..nemas pari umri!!! E sega e vreme da razmislime dali sme za EU o NATO ili majka Rusija so Kina i Don Branche =)))
Од: јас
Датум: 04.06.2010 09:45:06
Една Америка го воведе социјалниот модел на лекување , а нашиве недоквакани портокали ни го враќаат моделот за кој ( иако секој одделува за здравството ) плаќа барем уште 5 пати по толку !!!И уште во своето безочно лажење тврдат дека еве таму у таму било така...Абе ајде... Дајте сите да си плаќаме СЕ’ од свој џеб и да се укине обавезното здравствено осигурување , па секој да си знае колку и што треба да плати кога ќе се разболи..Вака само раниме една армија од дембели ( во Фондот за здравство ) а оние кои работат ( лекарите и медицинскиот персонал ) помалку се платени од чистачка во некоја посолидна банка !!!!!!!!!!
Од: neso
Датум: 04.06.2010 10:04:47
prvo 100 cekori napred besplatno zdravsto pa 100 cekori nazad ke placate zar ne gledate deka vo 100 cekori se naoga zaskrieno 100 posto kacuvanje na cenite i se uste ke im veruvame ke ne sogolat za da mozat oni da se vozat i sve da im placame a plus na seto toa ke im ostane cela plata posto nie gi hranime i gi oblekuvame i ke odat na odmori nadvor od makedonija od nas dzeb ZA SRAMOTA SME
Од: realist
Датум: 04.06.2010 13:25:17
posto sakaat skalesta participacija gospodata od vladata eve i eden predlog od mene, procentot neka zavisi od primanjata. na primer -0- primanja , -0- participacija, do 5000 -5% do 10000 -10% do 15000-15% itn odnosno do 100000 - 100%. na ovoj nacin mislam deka site ke mozat da se lecat plus i participacijata ke bide skalesta. ps. ako nekoj od pratenicite ja procita idejava neka ja predlozi vo sobranie na rm.

Најди! во Утрински
Политика
Игри без граници со малцинските пратеници
Осомничениот за педофилија од ОБСЕ си заминал во Норвешка
Хуманитарците на прегледи во Истанбул
Се собира целата македонска дијаспора
Борците на средба со Коњановски
Доктор од Тетово загина во Албанија
Повторно блокиран центарот на Скопје
Стечајците бараат помош од Црвенковски
Турскиот амбасадор изнесе детали за Газа