Број 3298  петок, 04 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Хуманитарците на прегледи во Истанбул

Тројцата македонски хуманитарци што беа дел од конвојот со помош за населението во Газа, што беше нападнат од израелската армија, најверојатно, денеска ќе пристигнат во земјава. Тие вчераутро околу 3,30 часот пристигнаа во Истанбул, каде што беа подложени на здравствени прегледи, а беше направен и записник за предметите што им биле одземени од израелските власти.

Скопјаните Јасмин Реџепи (28) и Сами Емини (57), како и Сеад Хасипи (50) од Куманово заедно со околу 500 луѓе од хуманитарниот конвој со авиони беа депортирани од Тел Авив. Нашите државјани во Истанбул беа пречекани од македонскиот конзул Зерин Абас. Откако ќе им бидат извршени лекарските прегледи, тие ќе летнат за Македонија. Авиобилетите со отворен датум за Скопје се обезбедени од хуманитарната организација ИХХ преку која заминаа за Газа.

Израел до крајот на вчерашниот ден требаше да ги депортира сите активисти од хуманитираниот конвој, составен од шест брода, кои носеа помош за појасот Газа.

Сите активистите се одведени на аеродромот „Бен гурион“ во Тел Авив, од каде што ќе бидат упатени во нивните земји. Израелската армија во понеделникот наутро изврши десант со хеликоптери врз шесте брода натоварени со десет илјади тони храна, лекови и градежен материјал, при што беа убиени 9 лица. Уапсени беа вкупно 670 активисти, кои беа притворени во градот Бер Шева. Тие беа пуштени откако потпишале барање за депортација во матичната земја, во кое потврдуваат дека нелегално влегле во Израел. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 288 пати.

Испрати коментар

Од: Dimitar Vlahov
Датум: 04.06.2010 15:17:03
Nov Izraelski genocid vrz Palestincite. Zarem nemaat sram Drzava Izrael i gragjanite na taa drzava i izraelskata diaspora da plukaat na sest milioni Izraelci, sto se unisteni vo gasnite komori na Tretiot Rajh? Do kade fasistickiot duh vo Izrael ke pravi zlo na deloznite? Sega i Dzo Bajden se vklucil vo hitlerizmot i inkvizicijata na Izrael.

Најди! во Утрински
Политика
Поскапо лекување во болница?
Игри без граници со малцинските пратеници
Осомничениот за педофилија од ОБСЕ си заминал во Норвешка
Се собира целата македонска дијаспора
Борците на средба со Коњановски
Доктор од Тетово загина во Албанија
Повторно блокиран центарот на Скопје
Стечајците бараат помош од Црвенковски
Турскиот амбасадор изнесе детали за Газа