Број 3298  петок, 04 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Осомничениот за педофилија од ОБСЕ си заминал во Норвешка

Непријатни мигови за Мисијата на ОБСЕ во Македонија

Тамара Грнчароска



Високиот функционер во Мисијата на ОБСЕ во Македонија за кого се води истрага за педофилија се наоѓа на безбедно место, во Норвешка. Политичкиот советник на амбасадорот во Мисијата уште пред десетина дена заминал на „одмор“, иако полициската истрага против него веќе била започната, а тој бил предупреден за тоа.

Од седиштето на ОБСЕ во Виена, каде што од Мисијата во Скопје беа преупатени нашите прашања, вчера не добивме одговор кога точно 30-годишниот Норвежанец заминал на одмор и кога треба да се врати, како и одговор на прашањето дали дозволата да оди на одмор му е потпишана откако започнала истрагата за негова вмешаност во педофилија. Неофицијално се дознава дека македонската полиција пред повеќе од две недели конфискувале неколку компјутери на Норвежанецот од неговиот стан во кои бил пронајден обемен материјал на детска порнографија.

Истрагата за педофилскиот скандал во ОБСЕ, како што неофицијално се дознава, привршува и се очекува деновиве МВР да поднесе кривична пријава против него до Јавното обвинителство, по што обвинетиот ќе се бара да биде вратен во Македонија. Како што дознаваме, норвешките власти за целиот случај разбрале од медиумите и се чека официјална реакција од Македонија за да можат и тие да постапат по случајот.

До редакциите на медиумите деновиве пристигна уште едно анонимно писмо во кое се наведува дека кога стартувала истрагата против Норвежанецот, на амбасадорот на ОБСЕ во земјава, Хозе Луис Хереро, од страна на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, му било укажано дека неговиот политички советник не треба ја напушта земјава додека не заврши постапката.. Сепак, Норевежанецот, со потпишана дозвола за користење денови од одмор, ја напуштил Мисијата и Македонија.


#
Статијата е прочитана 611 пати.

Испрати коментар

Од: Arhi Brigadir
Датум: 04.06.2010 09:02:27
Ovie od Norveshka nemaat gajle vo Makedonijava, se im e dozvoleno i pedofilija i ubistva bukvalno se. Taka isto zavrsi i vojnikot od norveska sto vozese vo sprotiven pravec po avtopatot kon Veles koga zagina nasiot minister so celata negova familija. Normalno on nevin ja napusti drzavata A OBSE ostanaa da ni kazuvaat kako treba i koj zakon da se donese, sto e pravilno sto ne... ne se oni krivi, oni samo gledaat kako kaj nas se pomiluvaat kriminalci od precedatel pa samo gi primenuvaat metodite... e toa e makedonija za koja site VIE SONUVATE !!!
Од: Mite
Датум: 04.06.2010 16:44:20
a go zaboravivte Ukrainecot od OBSE(kancel.vo MK) sto go fatija vo sverc na Heroin od Turcija za Italija ??.. mu bilo vinovno "kriminalnoto okruzenie "?? .. i toj izbega ( ne beshe pod nasha jurisdikcija bidejki voziloto so Heroin beshe fateno na granica mislam vo Bugarija), no vazno MUVA ne go LAZE... Treba da se Protera OBSE od Makedonija

Најди! во Утрински
Политика
Поскапо лекување во болница?
Игри без граници со малцинските пратеници
Хуманитарците на прегледи во Истанбул
Се собира целата македонска дијаспора
Борците на средба со Коњановски
Доктор од Тетово загина во Албанија
Повторно блокиран центарот на Скопје
Стечајците бараат помош од Црвенковски
Турскиот амбасадор изнесе детали за Газа