Брoj 2718  понеделник, 23 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Економија

Од грчкиот пазар повлечени 39 тони наут со пестициди

Атина - Триесет и девет тони наут, произведен во Индија, за кој е утврдено дека содржи остатоци од препарат за заштита на растенијата, се повлечени од грчкиот пазар. Одлуката за повлекување на наутот ја донесе Атинскиот окружен совет по контролата што беше извршена во магацините на фирмата "Трија алфа" во Атина.

Контролните органи во текот на испитувањето зеле примероци од наутот што биле испратени на лабораториска анализа. Според резултатите од контролата, фирмата во земјата увезла 48 тони од овој наут, од кој 3,2 тони биле обработени и спакувани во пакети од по 250 до 500 грама за потребите на грчките супермаркети. Додека траела контролата, 2,8 тони од токсичниот наут веќе биле продадени.

Раководството на синџирите супермаркети кои го продавале токсичниот наут им наредило на сите продавници да ги повлечат од рафтовите сите пакети со овој производ. Службата за контрола на храната во Грција ги повика сите потрошувачи кои веќе купиле ваков производ да не го консумираат. (МИА)


Статијата е прочитана 159 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Романија ќе вложи 50 милијарди евра во инфраструктура
Каква цена на лебот ќе ни скројат земјоделците и пекарите?
Само три прилепски фирми го примениле системот ХАССАП
Струмичките земјоделци навалија за субвенции
Секој има своја приказна за скапата нафта
„Хеленик петролеум“ ја купи бугарската „Опет“