Струмичките земјоделци навалија за субвенции
Струмица - Во Струмица до половината на овој месец аплицирале околу 4.200 земјоделци и сточари за добивање државни субвенции, а како што се очекува, оваа бројка ќе биде зголемена за уште десетина проценти. Поради големиот интерес, рокот за поднесување документи е пролонгиран до 30 овој месец.
Во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството потврдуваат дека струмичките фармери доаѓаат во Агенцијата и се интересираат дали ги исполнуваат условите за добивање субвенции и кои документи им се потребни за апликација. |