Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Спорт

Шумахер: Се' уште можам да ја освојам титулата

Најуспешниот во Ф1-историјата својот оптимизам го темели на бодовниот систем и на долгата сезона

Михаел Шумахер инсистира дека се' уште е во трката за титулата, и покрај тоа што некои ривали веќе го отпишаа Мерцедес ГП. Тимот нема победа сезонава додека главните противници Ферари, Мекларен и Ред бул прокнижија по една. Германците имаат само еден подиум, за кој се избори Нико Розберг, кој се покажа побрз од Шуми досега.

Наспроти Розберг, кој импресионира, Шумахер се мачи да ја достигне потребната брзина по тригодишното отсуство од Формула 1 и засега има само девет поени. Неговиот недостиг од резултати ги подели мислењата во падокот во однос на тоа дали тој се' уште го има тоа што е потребно за да ја освои титулата. Еден од возачите што верува во тоа е Фернандо Алонсо.

„Тој е се' уште Михаел Шумахер што го знаеме“, изјави тој неодамна за „Билд“. „Навистина верувам дека Михаел ќе биде сериозен конкурент за титулата годинава“.

Прашан вчера во Шангај дали се согласува со тврдењето на Шпанецот, Шумахер одговори: „Да, навистина. Ако погледнете на бодовниот систем, ќе видите дека и на таквите како Алонсо, кој се откажа во Малезија, може да им се случи пех од какви и да е причини. И јас имав таков во Малезија, а во еден момент од сезоната тоа ќе погоди и некој од возачите што се борат за титулата. Според тоа, ако бидеме доволно брзи, нема причина да не се бориме за титулата. Пред нас е толку долга сезона, толку е рано, а знаеме и колку брза може да биде и стапката на развој. Има добар потенцијал за развој на овој болид, па нема причини да се мисли дека сезоната е готова за Нико или за мене“.

Седумкратниот светски шампион ги и отфрла критиките во печатот, инсистирајќи дека тој лично не е незадоволен со своите резултати.

„Тие не се толку добри како што некои очекуваа, па дури јас посакувам да имав подобри резултати, но конкуренцијата е силна. Природно е да ја немате истата позитивна повратна реакција во медиумите, но јас знам што правам, знам што се случува и немам причина да бидам разочаран. Се' уште се чувствувам многу среќен, а дали тоа им се допаѓа на луѓето или не, нивна работа“, вели Шумахер.


#
Статијата е прочитана 319 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Болен пораз на Јосифоска во Бол
Тотенхем го победи Арсенал по 11 години чекање
Бајрамовска неизвесна за реваншот со Букстехуде
Сеќавање на трагедијата на Хилсборо
Реал М. веќе го отплати Роналдо
Чикаго во плеј-офот, Кевин Дурант во историја
Јуниорите во невозможна мисија на Исланд
Секој пораз до пет гола разлика ќе биде успех?!