Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Спорт

Бајрамовска неизвесна за реваншот со Букстехуде

Бекот на Металург го повреди и скочниот зглоб, но вчера отпатува со тимот во Германија

Роберт Димитриевски

Нема крај на пеховите за најдобриот играч и стрелец на Металург, Мирјета Бајрамовска, која поради нова повреда е под знак прашање и за утрешниот возвратен натпревар со Букстехуде од полуфиналето на Челинџ купот. На првенствениот натпревар со Жито Прилеп во понеделникот Бајрамовска го повреди скочниот зглоб на левата нога и не тренираше три дена, но вчера замина со екипата за Германија. Во Скопје остана Мирдита Алими, која во првиот меч со Германките ги скина вкрстените лигаменти на ногата и ќе паузира најмалку шест месеци.

„При еден дуел ме згазнаа на палецот на левата нога во моментот кога се одразував. За среќа, нема скршеница, но морав да мирувам овие денови, а прашање е дали ќе можам да им помогнам на соиграчите и в сабота. Другата нога, пак, полека заздравува“, објаснува популарната Мирче.

„Ме загрижуваат мојата и повредата на Алими, но слушам дека и тие имаат повредени и болни играчи. Ако бидам во можност да играм, ќе дадам се' од себе за да ги поминеме Германките. Може да се игра со нив. Во првиот меч се уверивме дека не се тоа што мислевме“, оптимист е вториот стрелец во Челинџ купот со 61 гол, три помалку од Набила Тизи од елиминираниот Безансон.

Уште поголеми проблеми со здравствениот билтен имаат во Букстехуде. На претходно отпишаното десно крило Макси Хајн, како и на пикерот Кристина Фогт и на левиот бек Швења Шпристерсбах, кои тешко се повредија и ја завршија сезоната непосредно пред заминувањето за Скопје минатата седмица, им се придружија голманката Јана Краузе и средниот бек Ренди Билау. Поради стомачен вирус, двете деновиве беа заковани за кревет.

„Се надевам дека вирусот нема да се прошири“, загрижен е тренерот Дирк Лојн.

„Свесни сме за ситуацијата, но и за тоа што се очекува од нас. Во моментов сме во тешка положба, но, како тим и заедно со нашите навивачи, ќе ги надминеме проблемите. Силно посакуваме финале и ќе сториме се' за да го обезбедиме“, порачува капитенот Изабел Клајн, која се надева на поддршка од трибините како против Заечар во осминафиналето. „Атмосферата тогаш беше сензационална и придонесе да дадеме најмалку десет отсто повеќе од нашите можности. Тоа ние потребно и против Металург“.

До вчера биле продадени 700 влезници за натпреварот што ќе се одигра утревечер во 19,30 ч., а ќе го судат Норвежанките Черсти Арнстен и Ида Сесилија Гулаксен. Првата средба во Скопје ја доби Металург со 22:21.

Реваншот од другиот полуфинален дуел меѓу Вистал Лачпол и Гепинген, што требаше да се одигхра во Гдањск, одложен е за 2 мај поради неделата на жалост во Полска по трагичната смрт на претседателот Лех Качински во авионската несреќа кај Смоленск во Русија. Германките во првиот меч победија со 29:24.


#
Статијата е прочитана 244 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Болен пораз на Јосифоска во Бол
Тот��нхем го победи Арсенал по 11 години чекање
Шумахер: Се' уште можам да ја освојам титулата
Сеќавање на трагедијата на Хилсборо
Реал М. веќе го отплати Роналдо
Чикаго во плеј-офот, Кевин Дурант во историја
Јуниорите во невозможна мисија на Исланд
Секој пораз до пет гола разлика ќе биде успех?!