Реал М. веќе го отплати Роналдо
Португалскиот магазин „А бола“ објави дека досега само во Мадрид се продадени 1.200.000 дреса со името на Кристијано Роналдо. На тој начин Реал М. од доаѓањето на Португалецот во престолнината на Шпанија па се до вчера заработил повеќе од 100 милиони евра.
Официјалната продавница на Реал М., која се наоѓа на „Плаза дел Сол“, е премала да ги прими илјадниците фанови, кои секојдневно доаѓаат за да купат дрес.
Како што е познато, Роналдо беше платен со 94 милиони евра, а управата на „кралевите“ само со продажба на дресови досега успеа да ги врати тие пари. Колку ли само ќе заработи до крајот на договорот останува да се види. Сумата сигурно ќе биде голема, ако се знае дека ова е само првата година на Роналдо на „Сантијаго Беранбе“. |