Притвор за мајката и синот кои продавале дрога
Триесет дена притвор добија мајката и синот од Битола кои продавале хероин пред нивната куќа. Екипи на МВР во вторникот направија претрес во куќата на Ц.П. (50) и нејзиниот син Николче П. (28) на улицата „Мордо Најлијаз Лазо“. При претресот биле пронајдени алуминиумски и најлонски фолии со остатоци од дрога. Поголемо количество Ц.П. истурила во лавабото во бањата, кога ги видела полицајците. (Ј.К.) |