Oграбен 78-годишен кавадарчанец
Кавадарчанецот Фанчо М. (18) ќе одговара за разбојништво откако во март годинава го нападнал и го ограбил Р.Ј. (78) во неговиот дом. Дрскиот разбојник на 18 март, околу 22 часот, заѕвонил на вратата од домот на Р.Ј. и му се претставил како полицаец. Домаќинот не сакал да го пушти, по што Фанчо М. сосила ја бутнал вратата и влегол во куќата. Потоа го удрил со пиштол во главата, го врзал со селотејп и почнал да пребарува. Крадецот зел пиштол, два фотоапрата и паричник со 5.000 денари. (Ј.К.) |