Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Петмина суспендирани за најновото бегство од затворот „Идризово“

Стојановски успеал со импровизирана скала да прескокне преку оградата на затворот

Петмина вработени се суспендирани по завчерашното бегство на осуденик од најголемиот затвор во земјава „Идризово”. Скопјанецот Горан Стојановски под неразјаснети околности завчера околу 15,20 часот успеал со штица, која ја искористил како импровизирана скала, да ја постави на оградниот ѕид висок четири метри и да избега од „најобезбедуваниот затвор”.

Станува збор за затвореник осуден на висока затворска казна од 10 години и осум месеци за организирање групи и поттикнување трговија со луѓе, како и за трговија со дрога. Во „Идризово“ се наоѓал од минатата година и имал за издржување уште девет години затвор. Според директорот на затворот Миле Младеновски, Стојановски го искористил тоа што бил работно ангажиран во браварската работилница. За момент успеал да се измолкне од работилницата и од разрушените објекти кои се во склоп на затворот да извлече даска која што му помогнала да го прескокне ѕидот.

За бегството се суспендирани петмина вработени од кои еден инструктор каде што работно бил ангажиран осуденикот во браварската работилница, главниот командир, надзорникот кој го обезбедувал делот кај затворскиот ѕид и уште двајца од службата за обезбедување кои се грижеле за безбедноста на просторот каде што работат осудениците.

„Истрагата е во тек, нема сознанија дали некој однатре му помогнал во бегството“, вели Младеновски. Потрагата по избеганиот затвореник се' уште трае, информираат и од затворот и од полицијата.

Управата за извршување санкциите вчера соопшти дека се преземаат мерки за утврдување на начинот на кој �� извршено бегството, како и за утврдување на одговорноста на сите вработени лица за кои е утврдено дека не постапиле согласно со прописите и правилата за постапување и обезбедување на осудениците.

Ова е второ бегство на затвореник во изминатите неколку недели. Осуденик од „Идризово“ избега и при спроведувањето во судот во Прилеп, каде што требал да се појави на повторувањето на судската постапка. Полицијата приведе тројца за кои тврди дека му помогнале во бегството, а го заплени и „југото“ со кое затвореникот избегал, откако им се оттргнал на чуварите. Полицијата се' уште трага и по овој затвореник.

Бегствата од најголемиот затвор во земјава се случуваат во период кога е обезглавена Управата за извршување санкции, која е надлежна за затворите. Првиот човек на Управата Јордан Михајловски е разрешен на 9 јули годинава, а на негово место не е поставен нов директор. Разрешувања има и во истражниот затвор во Шутка, на местото на досегашната директорка Билјана Зефиќ е поставена Сузана Гавриловиќ, која и досега работела во затворот.

Познавачите на состојбите велат дека честите разрешувања на раководните структури во затворите можат да продуцираат хаос и да ја нарушат безбедноста, не само на осудениците, туку и на самите вработени. Само за потсетување, за пет години имаше смена на шестмина раководни лица во Управата за извршување санкции, а само за повеќе од три години беа сменети тројца директори. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 400 пати.

Испрати коментар

Од: bb -a
Датум: 18.07.2008 13:23:01
bas bi sakal da citam nekoj komentar tuka od strana na "expertot' jimy, ama go nema ne daj boze da bese tuka nekoj albanec expertot vednas bi dal nekoj komentar,ama sega kuti.sigurno ne go procital.Ova e namestalka

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Судот се сомнева дека новинарот Владо Танески е убиен!
Двајца мажи сексуално се изживувале врз 14-годишно девојче
Осудени ограбувачите на поштарот од Богомила
Oграбен 78-годишен кавадарчанец
Притвор за мајката и синот кои продавале дрога
Со пиштол сакал да наплати сметка од 500 евра