Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Британската влада ќе ја приватизира банката Нордерн Рок

Лондон- Британската влада соопшти дека одново ќе ја приватизира национализираната банка Нордерн Рок, во обидот да се спречи таа одново да се најде во ситуација да бара помош за спасување или да „плива“ на пазарот за акции.

Банката што, главно, беше ориентирана на поддршка на пазарот за недвижен имот, куќи и станови, во 2007 година се најде на работ од банкротство и ликвидација, па тогашната влада на премиерот Гордон Браун одлучи таа да биде целосно национализирана. Ваквиот начин за спасување беше избран за да не се наруши банкарскиот систем, како и за да се зачуваат штедните влогови на Британците во оваа банка.

Сегашниот министер за финансии, Џорџ Озборн, го објасни планот за приватизација на банката Нордерн рок како почеток на „враќање на парите“ што државата ги даде за спасување на банкарскиот систем на Велика Британија, кога по крахот на оваа банка со банкротство се соочија уште неколку големи банки во земјата, погодени со „кредитниот удар“ што го погоди банкарството на западниот свет.

За приватизирањето, најверојатно, ќе се побара една милијарда фунти, а како претенденти за откуп на банката Нордерн рок се сметаат две домашни финансиски компании, кои и во време на избувнувањето на кризата, бараа да ја преземат банката.

Најавата на владата за средување на банкарскиот систем во Велика Британија доаѓа по предупредувањето на гувернерот на Банката на Англија, Мервин Кинг, дека домашната економија се соочува со уште три „посни години“, што ќе завршат дури во 2014 година, а не в година, како што тоа планира и навестува коалиционата влада на Дејвид Камерон.

Потребни се дополнителни три години за излекување на „болната британска економија“ пред таа да се врати во годините на изобилието, кои траеја седум години, до почетокот на кризата во 2007 година. (МИА)


#
Статијата е прочитана 380 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Не плашете се, јадете струмички зеленчук
Фирмите здружени ќе извозуваат во Русија
Со откуп на пченица за државата, ќе се брани нејзината цена
Берзата очекува подобра ликвидност со маркет-мејкери
Пад на инфлацијата во еврозоната
Попусти во Грција од 15 јули

"""