Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Со откуп на пченица за државата, ќе се брани нејзината цена

„Владата ќе почне со надополнување на стоковните резерви пченица за да се спречи евентуален драстичен пад на цената на лебното жито“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, по вчерашната средба на владиниот тим со претставници на земјоделските здруженија.

Како што информира Пешевски, Владата е подготвена, доколку има потреба, и оваа година да ги заштити земјоделците со повторно воведување на мерката што ги обврзува преработувачите да купат одредена количина домашна пченица, ако сакаат да увезат брашно или жито.

„Дијалогот меѓу Бизнис-заедницата, земјоделците и Владата продолжува. Сите отворени прашања и натаму ќе се решаваат со истата динамика како досега“, нагласи Пешевски.

Земјоделците се задоволни. „Од субвенциите што ги добиваме и од поддршката што ќе се реализира, допрва Македонија ќе се ослободи од увозот на пченица, а во догледно време ќе почне и да извезува“, рече претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров. Според него, цената на пченицата годинава се очекува да биде најмалку 15 денари за килограм.

На работната средба во Владата станало збор и за состојбата во лозарството, како и за програмата за рурален развој, која е предвидено да се прошири со дополнителни финансиски средства за набавка на комбајни и поголеми трактори. (МИА)


#
Статијата е прочитана 499 пати.

Испрати коментар

Од: bitola troa skolovan
Датум: 17.06.2011 09:50:40
Samo edno bi ve molel izjavite na navodnite lideri na zemjodelcite koi velat deka Makedonija vo dogledno vreme ke izvezuva psenica da ne se zemaat za merodavni dadeni8 se od ludje koi nisto ne znaat i ne ucestvuvaat vo kreiranje na strategija za makedonskoto zemjodelie.

Најди! во Утрински
Економија
Не плашете се, јадете струмички зеленчук
Фирмите здружени ќе извозуваат во Русија
Берзата очекува подобра ликвидност со маркет-мејкери
Пад на инфлацијата во еврозоната
Британската влада ќе ја приватизира банката Нордерн Рок
Попусти во Грција од 15 јули

"""